Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ИЗБОР) Албански медиуми: Трет ден протести на северот на Косово; КФОР бара одговорност од двете страни; „капите“ на Беливук препознаени на протестите; градоначалниците не можат да влезат во општинските објекти

0
By Ана Василевска on May 30, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На северот на Косово веќе трет незадоволните срби  протестираат против новите градоначалници на општините Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ.  Протестите се проследени со насилство од страна на протестантите, а повредени се десетици припадници на Мировната мисија КФОР. Повици за деескалација  на протестите доаѓаат од меѓународната заедница, како и од политичкиот врв на Косово и Србија. Повеќе за случувањата на северот на Косово, во редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

Косоварја: Трет ден протести на северот на Косово

„И денеска продолжуваат протести против албанските градоначалници на општините со мнозинско српско население Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ. Веќе во раните утрински часови започна позиционирањето на косовската полиција и КФОР во општина Зубин Поток. Ова е трет ден од протестите, кои беа проследени со тензии и насилство од страна на српските демонстранти.

Мисијата на НАТО на Косово соопшти дека има околу 25 повредени од мултинационалниот контингент при приведувањето на демонстрантите што се случи во општина Звечан. Нападнати беа и многу новинарски екипи.“, пренесува косовскиот портал Косоварја.

Зери: „Српска листа“ им се придружува на демонстрантите во Звечан

На демонстрантите кои веќе почнаа да се собираат пред општина Звечан им се придружија и членовите на „Српска листа.“, пренесува косовскиот медиум Зери.

РТВ21 -КФОР: Косово и Србија да преземат целосна одговорност за случувањата на северот

Мировната мисија КФОР преку коминике упатено до медиумите побара од Косово и Србија да преземат одговорност за ситуацијата создадена на север, повикувајќи да се спречи ескалација на ситуацијата.

„Командантот на мисијата КФОР, генерал-мајор Анџело Микеле Ристуча, лично го следи развојот на ситуацијата и ја изразува својата солидарност со војниците на НАТО кои беа повредени за време на судирите и нивните семејства: „За да се избегнат судири меѓу страните и да се минимизираат ризикот од пост-ескалација, мировниците на КФОР спречија закани по животите на косовските Срби и Албанци. „Двете страни мора да преземат целосна одговорност за она што се случи и да спречат каква било понатамошна ескалација, наместо да се кријат зад лажните наративи“, се вели во соопштението, пренесува ТВ 21.

Коха: Српските демонстранти на север имаат заеднички симболи  со озлогласениот криминалец Беливук

На социјалните мрежи вчера се споделени фотографии од српски демонстранти на север, кои се споредувани со озлогласениот српски криминалец Вељко Беливук и кои  носеа исти капи.

Ова не му побегнало ниту на информативниот сајт „Геопост“.

Во објава на Твитер напишаа  дека српските демонстранти носеле исти капи како Беливук, споредувајќи ги фотографиите од двете страни.

 

„Српските демонстранти и хулигани кои денеска ги нападнаа членките на НАТО и косовската полиција во северно Косово носеа идентични капи што ги носеше озлогласениот Вељко Беливук, водачот на криминалната група која и служеше на државата Србија, т.е. за Александар Вучиќ“, се вели во објавата на Геопост.“, пренесе Коха.

Бота Сот: Градоначалниците на Зубин Поток и Звечан ниту денеска нема да одат во своите канцеларии

„Градоначалниците на Зубин Поток и Звечан денеска нема да одат во општинските објекти, односно нивните канцеларии.

Градоначалникот на Зубин Поток, Измир Зеќири се огласи по тензичната ситуација во четирите северни општини на Косово.

Зеќири рече дека поради ваквата ситуација нема да оди во канцелариите на општина Зубин Поток, додавајќи дека истото ќе го направи и градоначалникот на Звечан Илир Пеци.“, пренесе Бота Сот.

Клан Косова – Билд: Нападите на српските милитанти врз КФОР, најлоши во последните години

По ситуацијата на северот реагираше поранешниот премиер на Шведска, Карл Билд.

Тој рече дека нападите на српските милитанти врз војниците на КФОР се најлоши во последните години.

 

„Ова е најлошото што е забележано на Косово долги години. Српските милитанти на северот на Косово ги напаѓаат силите на НАТО и раниле десетици од нив. Циклусот на ескалација мора брзо да се запре“, напиша Билт на Твитер, пренесе Клан Косова.

Д. Тахири

Извор Цивил Медиа

Избор од албански медиуми Косово КФОР НАТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.