НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ИЗБОР НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Блинкен во Албанија со фокус на европската иднина; Велика Британија со албански рапери ќе прави кампања за мигрантите со гумени чамци; Албанците ќе се враќаат на северот на Косово

0
By Marija Todorovska on February 14, 2024 ВЕСТИ, РЕГИОН
фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во пресрет на посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Албанија, Заменик-помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања Јури Ким посочи дека неговата посета ќе биде фокусирана на иднината на Албанија, иднината на Западен Балкан и на Европа“, пишуваат албанските медиуми.

Министерството за внатрешни  работи на Велика Британија  ќе им плати на познати личности да објавуваат пораки за подигање на свеста на „Тик Ток“, повикувајќи ги мигрантите да не го преминуваат Каналот со гумени чамци.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

ВОА- Јури Ким: Посетата на секретарот Блинкен на Албанија, фокусирана на иднината на земјата, Западен Балкан и Европа

„Заменик-помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања Јури Ким во вторникот рече дека посетата на државниот секретар Антони Блинкен на Албанија во четврток ќе се фокусира на „иднината на Албанија, иднината на Западен Балкан и на Европа“.

Г-ѓа Ким зборуваше на телефонска прес-конференција заедно со помошникот државен секретар Џејмс О’Брајан во врска со посетата на г-дин Блинкен на Албанија и на Минхен на Конференцијата за безбедност.“, пренесе Глас на Америка на албански јазик.

Топ Чанел: Велика Британија со кампања од илјадници фунти со албански рапери, против сообраќајот со сплавови до островот

„Во написо во „Тајмс“, се открива дека Министерството за внатрешни работи ќе им плати на познатите личности да објавуваат пораки за подигање на свеста на „Тик Ток“, повикувајќи ги мигрантите да не го преминуваат Каналот со гумени чамци.

Влијателите на социјалните мрежи во земјите кои претставуваат голема количина илегална имиграција во ОК, вклучително и Албанија, Тајмс вели дека ќе им бидат понудени илјадници фунти за објавување на новите закони за имиграција, вклучително и заканата од депортација во Руанда.

Според медиумите, во Албанија веќе е избрана потесната листа на инфлуенсери, со помош на приватна консултантска компанија за маркет, во која има рапер, двајца комичари, блогери, ТВ личности и еден патописец.“, пренесе Топ Чанел.

Панорама – Апелационите судии на ЃККО на средба со американскиот претставник во Албанија, американската амбасада: Ја истакнавме клучната улога да служиме со интегритет и независност

„Во реакција, американската амбасада информира дека во центарот на оваа средба била клучната улога на независните судии кои со интегритет служат во борбата против корупцијата, организираниот криминал и тероризмот.

Меѓу другото, се нагласува дека САД се посветени на својата поддршка да им даде правда на сите албански граѓани во транспарентен правен систем.“, пренесе Панорама.

КОСОВО

Сури: Албанците од северно Косово одговорија на повикот да се вратат во своите домови

Албанските граѓани се јавија на повикот за аплицирање за изградба на куќи за немнозинската заедница во северните општини.

Работите таму се веќе започнати и жителите се подготвени да се вратат на своите имоти, пренесува Сури.

Бота Сот: Украинската  новинарка и уметница  засолнета во Приштина ќе одржи настан со деца на Денот на независноста на Косово

Украинската новинарка и уметничка Лудмила Макеи живее во Косово речиси две години. Таа беше првата украинска новинарка која се засолни во Косово откако Русија ја започна војната против нивната земја.

На 16-годишнината од независноста на Косово, Лиудмила Макеи  ќе одржи „мастер клас“ за сликање со децата, пренесува Бота Сот.

КОЛУМНА

Коха: „Superbowl“ во Приштина

„Како и да е, ноќта на „Супербоул“ присуството на Тејлор Свифт на стадионот (по 20-часовен лет директно од концертот во Токио) му даде политички пресврт на натпреварот меѓу двата тима, бидејќи неколку недели претходно во сериозните медиуми се шпекулираше дека таа ќе излезе со јавна поддршка за кандидатурата на претседателот Бајден за изборите во 2024 година.’, пишува авторот Ветон Сурои во колумната „Superbowl“ во Приштина, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Албанија Дијана Тахири Косово Приштина ЦИВИЛ Медиа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.