Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Избори 2020: Македонија го избира десеттиот парламент од независноста

0
By Нова ТВ on July 15, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Македонија денеска се одржуваат десеттите парламентарни избори, петти предвремени, по осамостојувањето. Право на глас имаат 1.814.613 милион граѓани кои ќе гласаат на 3.480 избирачки места. Овој процес се издвојува од досегашните во земјата, бидејќи се организира во состојба на пандемија со Ковид-19, гласањето за различни категории на лица е три дена, а денешниот изборен ден ќе трае два часа повеќе од вообичаеното и прогласен е за неработен.

Избирачките места во шесте изборни единици требаше да се отвораат во 7 часот, а гласањето ќе заврши во 21 часот. Се гласа за 15 политички партии и коалиции кои вкупно имат 1.578 кандидати меѓу кои, според статистиката на ДИК, има 675 жени (42,78 отсто) и 903 мажи (57,22 отсто). Гласањето е тајно, со заокружување на редниот број пред подносителот на листата.

Сите вклучени во процесот и граѓаните кои ќе одат на гласање задолжително мора да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од ширење на Ковид-19, а тоа се носење маска, држење на растојание од метар до метар и пол, дезинфекција на раце при влез и излез од гласачкото место.

Освен спецификата поврзана со коронавирусот, на овие избори за првпат е дозволено да гласаат и лицата кои до 15 јули наполниле 18 години и поседуваат важечки документи и не се организира гласање во дијаспората, бидејќи немаше доволен број на пријавени македонски државјани за гласање. Сепак, овие лица доколку се наоѓаат во земјата денеска ќе можат да гласаат на избирачките места на адресата на која што се пријавени.

Во Избирачкиот список се запишани 1.814.613 милион гласачи. Во изводите на Избирачкиот список се запишани 1.729.189 лица. Лицата кои се иселиле или работат во странство во посебните избирачки изводи се 83.054, а во посебниот избирачки список за лицата во затвор и во притвор се запишани 1.657 гласачи, во старечките домови 357 и шест лица се водат како внатрешно раселени.

Вчера гласаа болните, немоќните и хронично болните лица, затворениците, лицата во домашен притвор и во старечките домови. Според податоците од ДИК, правото на глас вчера го оствариле вкупно 7.861 болни и немоќни лица. Што се однесува, пак, до лицата кои се наоѓаат во старечките домови, од вкупно 357 пријавени избирачи во оваа категорија, гласале 234, а во казнено-поправните установи 1.235 лица.

Гласањето за овие избори почна во понеделникот, ден што беше резервиран за заболените лица со Ковид-19 и оние во самоизолација, при што правото на глас го искористиле 723 од нив. Од гласањето во понеделникот и од вчера, ДИК не објавува резултати, туку само бројка на излезност. Ливчињата остануваат запечатени во пликоата кои се наоѓаат во гласачките кутии до денот на изборите, односно до завршување на гласањето.

Во однос на изборните единици, просечниот број на запишани гласачи е 302.377 запишани избирачи. Најмногу гласачи има во Куманово – 93.603 избирачи, Битола – 81.607 избирачи, скопски Аеродром – 66.525 избирачи, Бутел – 33. 278, итн. Општини со најмалку гласачи се Вевчани – 2.062, Конче – 2.724, а најмала е Лозово со 1.997 гласачи.

Се гласа на 3.480 избирачки места, но на 90 има помалку од 10 гласачи и според Изборниот законик, овие избирачи ќе можат да гласаат на најблиското избирачко место. Во Македонски брод има 11 такви избираки места, во Пробиштип седум, во Прилеп 13, итн.

Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија беа закажани за 12 април, но поради пандемијата со Ковид-19 и вонредната состојба во земјава беа одложени со Уредба со законска сила и одлука на ДИК, па во договор меѓу политичките партии беше избран датумот 15 јули.

ДИК, учесниците на изборите, сите вклучени во процесот повикаа првенствено на почитување на мерките за заштита од Ковид-19, но и на почитување на демократските стандаради, на фер и слободни избори. Генералните оценки се дека првите два дена од гласањето минале без проблеми и со почитување на мерките за заштита од Ковид-19.

Изборите се одржуваат во ситуацијата кога недели наназад во земјата има троцифрени бројки на позитивни со Ковид-19. Но, Северна Македонија е без Парламент од февруари оваа година и беше предводена од техничка влада, согласно Пржинскиот договор, чија првенствена задача е да организира фер и демократски избори.

гласање Избори 2020 Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.