Падна договор: Заев на чело на новата влада, последните 100 дена за Албанец како премиер

Падна договор, со задоволство обзнанија лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети по нивната денешна тет-а-тет средба во Клубот на пратеници. Во постоизборната коалиција ќе влезе и ДПА на Мендух Тачи, а една од одлуките се однесува и за укинување на т.н. Пржинска влада во иднина. Изборното ветување на ДУИ, сепак, е задоволено со премиер Албанец во последните 100 дена од мандатот на владата, наместо моделите по години (2+2, 3+1 и 1+3) како што се пишуваше во изминатиот период

Денеска се официјализира договорот СДСМ – ДУИ: Зоран Заев четири години премиер

Нова ТВ дознава дека ДУИ во преговорите ги добиле министерствата за надворешни работи и за финансии. Досегашниот премиер Оливер Спасовски ќе се врати во Министерството за внатрешни работи (МВР) од каде ја презеде функција премиер на техничката Влада, додека Никола Димитров од МНР заминува во Министерството за правда

Заев го зема мандатот од Пендаровски: Ќе успеам да формирам влада

Имавме ситуација во 2016 година. Мандатот му беше доверен на Никола Груесвки и не успеа за 20 дена да формира влада. Уставот е јасен дека рокот истекува и мандатот се враќа. Тогаш мандатот го добив јас и второрангираната коалиција со два пратеника помалку од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Јас успеав да формирам влада. Разликата е во тоа што сега јас ќе успеам да формирам Влада“, истакна Заев од оретседателската вила Водно

Формирање на мнозинство и влада: Роковите течат, сите разговараат, детали нема

По предвремените парламентарни избори на 15 јуни, новиот собраниски состав се конституира на 4 август и почна да тече 10 дневниот рок за формирање на парламентарно мнозинство, по што претседателот на државата треба да го додели мандатот за формирање на Влада. Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата за чиј избор треба да гласаат мнозинството на пратеници

Извештај на ХК за јули: Раст на говор на омраза на социјалните мрежи во контекст на изборите

Месец јули го одбележа повторното зголемување на говорот на омраза на социјалните медиуми во контекст на одржување на предвремените парламентарни избори и големиот број случаи со...

Прв постоизборен договор: ДПА ја прифати понудата на СДСМ да биде дел од новата влада

Ова е епилог од вчерашната средба во Клубот на пратениците меѓу лидерите на двете партии - Зоран Заев и Мендух Тачи. На средбата присуствувале и Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски од СДСМ и Азем Садики од ДПА, кој е градоначалник на Студеничани

Заев: Убеден сум дека ќе формираме влада со четиригодишен мандат

Во однос на коалицирањето со други политички партии, претседателот Заев посочи дека сите опции се отворени и дека процесот на разговори ќе го даде правецот за тоа кој би се приклучил на СДСМ и коалицијата „Можеме“ во постоизборна коалиција. Но, најави и укинување на министрите без ресор што беше и предизборно ветување

Опипување на пулсот заврши: Почнува да крчка за ново собраниско мнозинство и влада

Претседателот Пендаровски минатата недела најави дека мандатот за состав на идната влада ќе го довери на оној кој ќе увери дека обезбедил мнозинство во Собранието. Посочи дека уставната норма е кристално јасна - мандатот го добива кандидатот на партијата или партиите што имаат мнозинство во Собранието и тука претседателот нема буквално никаков маневарски простор

„Форин Полиси“: Изборните резултати во Северна Македонија се добра вест за ЕУ и за САД

Американскиот политички магазин во анализата оценува дека проблемите со корупцијата делумно се последици на фактот дека се прави компромис меѓу меѓуетничкиот мир и начинот на добро управување, посочувајќи дека поделбата на власта меѓу политичките претставници на етничките групи е клучно за моделот во земјата