Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Избори 2020: Мораториум на сите теренски активности на партиите до 22 март

0
By Нова ТВ on March 15, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Активностите за предвремените парламентарни избори на 12 април се ставени во мирување до 22 март, поради спречување на ширењето на коронавирусот во земјата и почитување на мерките што ги усвои Владата. За мораториум на партиските активности, телефонски се договориле премиерот Оливер Спасовски и лидерите на парламентарните партии. Партиите ги откажуваат активностите на терен и, според најавите, се насочуваат кон социјалните мрежи и електронските медиуми.

Премиерот Спасовски вчера соопшти дека разговарал со лидерите на политичките партии и дека до 22 март ќе има мораториум на сите активности имајќи ги предвид претстојните избори закажани за 12 април.

„Утрово искомуницирав со сите претседатели на партии кои ме информираа дека се ставени во мораториум сите активности што е добра порака дека за сите нас здравјето на граѓаните е поважно од што било друго. Тоа ќе трае до 22 март“, изјави на прес-конференција Спасовски.

Како што кажа, тој разговарал со лидерите на СДСМ – Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, на ДУИ – Али Ахмети, на Алијансата на Албанците – Зијадин Села, на Беса – Биљал Касами, итн. Според Спасовски, најсилната порака до граѓаните во овој момент треба да ја пратат политичките субјекти.

Во изјава за медиумите лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека било договорено заклучно со 22 март да бидат замрзнати сите активности поврзани со парламентарните избори на 12 април. За тоа дали ќе се одложат изборите, Мицкоски кажа дека било договорено да се следи ситуацијата и да се донесуваат заклучоци.

„Се разбира дека во овој момент тоа не е прв приоритет. Прв приоритет е како да се заштитат граѓаните, како да се зголеми превенцијата од ширење на коронавирусот помеѓу граѓаните, да не се зголемува паниката меѓу населението, истовремено одржлива економска состојба да остане макроекономски план, а дури потоа можеме да зборуваме како трет или четврти приоритет за предвремени парламентарни избори“, рече Мицкоски.

Во телефонските разговори, според него, било посочено дека ако има потреба, лидерите ќе се состанат на лидерска средба и порано пред 22 март и ќе донесат заклучок како би функционирале во иднина.

ВМРО-ДПМНЕ во моментот нема изборна кампања, вели тој, додавајќи дека сега сите активности поврзани со кампањата се трет и четврти план.

„Во прв план се макроекономската стабилност, здравјето на граѓаните и борбата со коронавирусот“, рече Мицкоски.

Во партиско соопштение, СДСМ најави откажување на сите партиски активности на терен и оти се насочува кон социјалните мрежи и електронските медиуми.

„Согласно препораките на државните институции, СДСМ ги откажува сите партиски активности на терен, а останатите активности ги приспособува и ги насочува кон социјалните мрежи и електронските медиуми. Активно ја следиме ситуацијата и постапуваме согласно мерките и препораките на институциите во функција на заштита на колективното здравје на граѓаните“, соопштија од СДСМ.

ДУИ, исто така, соопшти дека става мораториум на сите нивни изборни активности. Централниот изборен штаб на партијата, по телефонските консултации со лидерите на најголемите политички партии во земјава, објави мораториум на сите партиски активности во врска со парламентарните избори до 22 март.

„В недела, 22 март, лидерите би требало да се сретнат за да донесат заедничка одлука согласно околностите“, се наведува во соопштението.

Од ДУИ апелираат до граѓаните да не паничат, да останат дома и да се присебни почитувајќи ги насоките на авторитетите. Партијата отвори телефонска линија за сите граѓани кои имаат потреба да им се излезе во пресрет 080 05 500, која ќе биде на располагање од понеделник.

Активност Избори 2020 Мораториум партии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.