Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Избори 2024: Зборуваат за туѓите, а ги премолчуваат сопствените плати

0
By Marija Todorovska on February 29, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 29, 2024 16:45

Официјално изборната кампања не е почната но политичките партии, посебно истакнати партиски функционери веќе форсираат предизборен наратив во кои селектирањето на фактите им е една од главните алатки себе да се престават како поштени ,хумани, солидарни, а во исто време, политичките противници да ги прикажат како несовесни, не солидарни и бесчувствителни за општата актуелна социјална состојба во државата.

Така, со покачувањето на платите на функционерите од 78%, партиските политиканти главно од актуелната опозиција се обидоа да го префрлат врз власта премолчувајќи притоа дека и функционерите на опозицијата, поконкретно многуте актуелни градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, исто така се офајдија со 78%. И не само тоа, туку полулистички ветија дека сумата адекватна на покачувањето ќе ја донираат во добротворни цели. Рекоа и пререкоа. Ниту соопштија дека донирале ниту донираа.

Но, нејсе. Кога е кај платите дури и „забораваат“ дека Македонија лани оствари највисоки покачувања на платите како во државниот, така и во приватниот сектор. Регионалната статистика вели дека Македонија е рекордер по зголемувањето на примањата на вработените. Така за 2023 година додека во БиХ платите пораснале за 9 %, Словенија за 9.6.% во Србија за 12.9%, во Хрватска за 13.9%, во Македонија за дури 16.4. Тоа се премолчува како што се премолчува и фактот дека токму високите функционери, конкретно на ВМРО-ДПМНЕ, факултетските професори, претседателот на ВБМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и претседателот на Советот на град Скопје Трајко Славески, на пример, кои се меѓу редовните најгласни во критиките за платите премолчуваат дека нивните месечни плати и тоа без другите додатоци, достигнаа дури 88.000 денари или се зголемени за цели 22% што е и над македонскиот годишен просек на покачување на платите. Згора, тоа се и ликовите кои редовно ги критикуваат политиките на владата за раст на платите, па дури и политиката на раст на минималната плата.

Инаку, со најновите покачувања на универзитетските плати, вкупно три илјади професори, асистенти, административни и технички лица ќе добиваат зголемен износ на личниот приход по основ на плата за околу 22 отсто, а дополнително зголемување за одреден процент ќе има и од март, кога е предвидено зголемување на минималната плата во државата. Станува збор за обврска согласно колективниот поединечен договор потпишан помеѓу Сојузот на синдикати на вработените на УКИМ и Собранието на Република Северна Македонија како основач на високообразовната установа, а чија цел е унапредување на правата, можностите и материјалната состојба на вработените на универзитетот“, информираат МОН.

Оттука, податоците за континуираниот раст на платите ги опфаќаат и партиските пропагатори, во случајов Мицкоски и Славески но кога станува збор за сопствениот џеб, овие партиски експоненти, сепак се решиле за селективен јавен пристап – нешто ќе кажат, нешто ќе премолчат. Секако второво што не им се вклопува предизборниот кампањски амбиент.

Р.Н.

Избори 2024 плати покачување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.