Втор круг на парламентарните избори во Франција се одржува денес. Гласање на кое партијата на претседателот Емануел Макрон би можела да однесе апсолутно мнозинство и дури 80 отсто седишта во Асамблејата која има 577 пратеници.
Партијата на Макрон Републиката напред! со ова ќе го добие најголемото претседателско мнозинство во историјата на Петтата република во Франција, воведена со промена на Уставот во 1958.
Втора се очекува да биде конзервативната партија на Републиканците со околу 100 места. А Социјалистичката партија е на најниско ниво во историјата на партијата и најверојатно ќе добие околу 30 пратеници.
Левите радикали на Непокорена Франција и екстремистите од Националниот фронт според прогнозите освојуваат 15 за левичарите и 5 за екстремистите.
Аналитичарите предупредуваат дека на овој круг гласање, како и на претходниот пред една недела, и овој пат ќе има многу мала излезност. Пред една недела на гласање излегоа 51 отсто Франзуци.




