Тереза Меј во првата рунда на избори во Конзервативната партија на Британија е во водство, но ова водство е повеќе од самоуверено- таа доби поддршка од 50% од Ториевските пратеници, односно 165 гласа. Меј е обврзана да добие повеќе поддршка на следното гласање.
Меј како секретар за внатрешни работи во Владата на Камерон оваа недела имаше изјава дека иднината на граѓаните на ЕУ кои живеат во Британија е несигурна и дека и тоа ќе биде една од темите со ЕУ после Брегзит.
Мајкл Гов, секретарот за правда, доби 48 гласа. Гов излезе на површина ненадејно како иден премиер по повлекувањето на Борис Џонсон, а кој всушност го натера да се повлече Џонсон иако се сметаше дека екс-градоначалникот на Лондон е човекот кој ќе го замени Камерон.
Партиските членови треба да изберат помеѓу двајца најподдржани пратеници, а победникот ќе биде именуван на 9 септември.




