Според прелиминарните резултати на косвската Централна изборна комисија, на примерок од обеработени 97 отсто од гласовите, најмногу гласови, 34,19 отсто доби коалицијата која произлезе од военото крило наречена ПАН, составена од Демократската партија на Косово на Хашим Тачи, Алијансата за иднината на Косово Рамуш Харадинај, Иницијативата за Косово на Фатмир Лимај и уште девет помали партии.
Најголемо изненадување на вонредните парламентарни избори на Косово е движењето Самоопределување кое настапи самостојно и се наоѓа на второто место со 25,75 отсто од гласовите. На минатите избори во 2014 тие освоија 13,5 отсто.
Коалицијата на Демократскиот сојуз на Косово, Алијансата ново Косово и Алтернативата освоија 25,9 отсто.
Српската листа има засега 39.628 гласа и е на четврто место меѓу партиите.
Претседателката на ЦИК Валдете Дака изјави дека на изборите гласале 75.000 избирачи или 41,45 отсто од вкупниот број граѓани со избирачко право.
Поради изборни нерегуларности Обвинителството во Приштина покренало седум случаи, а неколку лица се приведени, пренесуваат приштинските медиуми.
Иако Рамуш Харадинај синоќа прогласи победа, апсолутен победник на изборите нема и кој и да добие мандат да формира влада, же мора да формира коалиција.
Според косовските закони право да формира Влада има партијата со најмногу добиени гласови и додека не бидат исцрпени сите можности, второпласираната партија не може да добие право за формирање Влада.




