На Косово денеска се одржуваат вонредни парламентарни избори на кои околу 1,8 милиони запишани гласачи ќе бираат 120 пратеници.
Изборите ги следат околу 5.000 набљудувачи.
Во кратката и бурна кампања се претставија 25 партии, коалициии и групи граѓани.
Главни прашања во текот на кампањата, освен економијата беа трите прашања кои беа причина за гласање недоверба на владата на Иса Мустафа: демаркација на границата со Црна Гора, формирање на Заедница на српски општини и трансформација на безбедносните и вооружените сили на Косово.
Албанската политичка сцена на на Косово е поделена во два блока – едната се партиите кои според албанските медиуми, произлегува од „военото крило“ и е коалицијата на Демократската партија на Косово, Алијансата за иднината на Косово, Иницијативата за Косово и девет помали партии, и втората, коалиција на „мирот“, составена од Демократскиот сојуз на Косово, Алијанса за ново Косово и иницијативата Алтернатива.
Кандидат за премиер на првиот блок е Рамуш Харадинај, а на вториот Авдулах Хоти.
На овие избори самостојно настапува десно ориентираното Движење Самоопредеување, а нивен кандидат за премиер е Албин Курти, основач на движењето.
Анкетите велат дека најголеми шанси за победа има Демократската партија, на сегашниот претседател Хашим Тачи, заедно со Алијансата на Рамуш Харадинај.
Но, аналитичарите велат дека кој и да победи, во земјата нема да донесе ништо ново. Новата влада едноставно нема начин како да го подобри образованието, како да ги врати десетиците илјади граѓани кои во изминативе 2 години заминаа во ЕУ да бараат работа. Сиромаштијата уште долго ќе изнесува 30 проценти, а стапката на невработеност 33 проценти.
Како најзначаен субјект на српската заедница на Косово е Српската листа, која ја доби поддршката на Владата во Србија.
Српските гласачи избираат кој ќе ги заземе 10 загарантирани места и ќе ги застапува во Парламентот.




