Според прелиминарните резултати од претседателските избори во Црна Гора, од обработени околу 85 отсто од гласовите, кандидатот на ДПС Мило Ѓукановиќ освоил 53,7 отсто од гласовите, додека Младен Бојаниќ 33,7 отсто.
Според Центарот за демократска транзиција правото на глас го искористиле 64 отсто од запишаните гласачи.
На изборите учествуваа 7 кандидати: Марко Милачиќ, Младен Бојаниќ, Хазбија Калач, Василије Миличковиќ, Добрило Дедеиќ, Драгиња Вуксановиќ и Мило Ѓукановиќ.
Кандидатката на СДП, Вуксановиќ има поддршка од 7 отсто. Кандидатот на Вистинска Црна Гора Милачиќ има поддршка од 2,8%, а кандидатот на Партијата на правда и помирување Калач 0,8%.
За претседател во првиот круг ќе биде избран оној кандидат што ќе освои на над 50% од гласовите.
Доколку никој не освои 50+ еден важечки глас, за две недели ќе се одржи втор круг избори. Тогаш се бира од двајцата најдобро пласирани кандидати.
Претседателот на Црна Гора има мандат од 5 години.
Мило Ѓукановиќ досега во шест мандати беше премиер и во еден мандат претседател на Црна Гора.
Актуелниот претседател Филип Вујановиќ на оваа функција е веќе 15 години.
Црногорската опозиција е длабоко поделена на проруска и просрпска, а ниту долги преговори не успеа да се обедини околу еден претседателски кандидат.