Според првите резултати од изборите во Црна Гора води Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Мило Ѓукановиќ.
Првите бројки шти ги објави Центарот за мониторинг и истражување и врз основа на 30,1 отсто обработени изборни места, ДПС освоил 41,2 отсто од гласовите на овие парламентарни избори.
Демократскиот фронт (ДФ) освоил 21,8 отсто а Големата коалиција Клуч 10.8 отсто.
Излезноста била од 73,2 отсто.
Ова беа десетти избори од воведувањето на повеќепартискиот систем во Црна Гора а четврти откако оваа земја се оддели од Србија.