Нешто помалку од 3,9 милиони Хрватите денеска ќе излезат на гласачките места по вторпат оваа година, но, за разлика од претседателските избори, овојпат на парламентарни. Околу 7.000 гласачки места низ земјата беа отворени во 7 часот утрово и ќе бидат затворени во 19 часот. Првичните неофицијални резултати од тамошната Државна Изборна Комисија се очекуваат по 21 часот.
Хрватските граѓани ќе бираат 151 пратеник – по 14 од десетте територијални изборни единици, осум места се загарантирани за застапници на националните малцинства и три за дијаспората. Право на глас имаат 3,859.481 гласач. Кампањата за изборите, што се одржуваат по посебни услови поради Ковид-19, траеше само 14 дена во кои граѓаните имаа можност да се запознаат со речиси 2.7000 кандидати на 192 изборни листи.