Убедлива победа на ХДЗ во однос на СДП, покажуваат излезните анкети по затворање на избирачките места во Хрватска чии граѓани денеска гласаа за десеттиот состав на Саборот од независноста на земјата. Според нив, ХДЗ освојува 61 пратеничко место наспроти 44 на коалицијата „Рестарт“ предводена од СДП. Тоа значи дека ХДЗ и Андреј Пленковиќ многу лесно би можеле да формираат нова влада, пред се поради потенцијалниот партнер т.н. „Татковинско движење“ („Домовински покрет“) на Мирослав Шкоро е со шанса да заврши со 16 мандати.
Излезните анкети покажуваат дека „Мост“ и „Можеме“ ќе освојат по осум пратенички места, а нивните проекции се покажат точни, тогаш во Парламентот ќе влезе и коалицијата „Партија со име и презиме“.
Во секој случај, излезните анкети покажуваат на голем успех на ХДЗ во сите делови на Хрватска и неуспех на левичарската коалиција која, речиси, да нема шанси да формира влада.