Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Избори во Србија: Има ли друг освен Вучиќ?

0
By Нова ТВ on June 21, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Српскиот претседател Александар Вучиќ не се кандидира за пратеничко место, но тоа и не е важно – на изборите в недела се работи за него. Исто како што и на сите избори во последните шест години се работеше за него. Како доминантен политичар во Србија, Вучиќ се чини е сеприсутен и вмешан секаде, тој е сè во политичкиот живот на земјата.

Владеачката Српска напредна партија (СНС) водеше кампања под мотото „Александар Вучиќ – за нашите деца“. Кога Претседателот не ги пополнува вестите во својата официјална улога, тој лично раководи со напорите на партијата. Противниците се концентрираат на него кога се обидуваат да ја покренат на политички акции сè помалата либерална јавност во Србија.

Меѓутоа на денешните парламентарни избори многу негови ривали ќе бидат впечатливо отсутни – голема група опозициски партии одлучи да ги бојкотира изборите. Тие ја обвинуваат СНС дека ја манипулира играта во полза на про-Вучиќ таборот.

Ботови, работни места и гласови

Еден од опозициските лидери кој ги бојкотира изборите е Борко Стефановиќ. Левичарскиот политичар на крајот на 2018 година беше брутално претепан, по што почнаа повеќемесечни протести против владата. Осомничените напаѓачи беа фатени, но сè уште не се осудени, со оглед на тоа што судскиот процес почна повторно на почетокот на годинава.

Во разговор за „Дојче Веле“, Стефановиќ предупредува дека Вучиќ го користи своето влијание врз медиумите и политичката моќ за да ги потисне критичките гласови.

„Во сите медиуми е присутен само еден човек. Нема простор за различни мислења, особено на телевизиите со национална фреквенција“, вели тој.

Владеачката партија е соочена и со обвинувања дека има армија од интернет-тролови со цел да ја шири онлајн својата порака. Во април годинава Твитер отстрани повеќе од 8.500 профили поради „неавтентична координирана активност“, која имала за цел да ја промовира „српската владеачка партија и нејзиниот лидер“. Оваа недела регионалната БИРН истражувачка мрежа објави текст со детали за онлајн менаџмент систем со кој се делат задачи и се следи работата на троловите блиски до власта во Србија.

Уште посериозни се извештаите за уцени во компаниите и јавните институции кои вообичаено ги раководат луѓе лојални на СНС.

„Сите институции се узурпирани (од владеачката партија) и луѓето под закана од губење на работно место се принудени да излезат и да гласаат. Во сите компании, па и приватните, се прават списоци со луѓе кои мора да гарантираат најмалку 5 гласови и да направат слика од своето гласачко ливче“, вели Стефановиќ, лидер на српската Левица.

Криење на „политичката слабост“

Стефановиќ и некои негови колеги остануваат надвор од трката и бараат подобри услови на изборите. Анкетите меѓутоа уште пред да излезат од предизборната трка покажаа дека нивниот партиски рејтинг е низок, така што е неверојатно дека би го поминале цензусот од 3 отсто и би влегле во парламентот. Во истражувањето на „Фактор Плус“ објавено неодамна, СНС имаше рејтинг од над 58 отсто.

Аналитичарот близок на власта Саша Адамовиќ за „Дојче Веле“ оценува дека бојкотот е само замаглување.

„Идејата на овој дел од српската опозиција да ги бојкотира изборите е пат да се сокрие сопствената слабост од српската јавност, значи да не се покаже дека тие објективно немаат шанси на овие избори“, вели тој.

Неговите коментари се во иста насока со оние на Вучиќ од почетокот на месецот, кога тој се потсмеваше со политичарите кои бојкотираат и рече дека тие се идеална опозиција на неговата партија.

„Како бог да ми ги испрати да ми бидат противници, за да видат колку се лоши во политиката и колку не ги разбираат своите луѓе“, рече Вучиќ на еден собир.

Изборните услови „никогаш нема да бидат подобри“

Симболичката сила на бојкотот е дополнително поткопана од други анти-Вучиќ партии, кои одлучија да учествуваат на изборите. Познатиот актер Сергеј Трифуновиќ, лидер на Движењето на слободни граѓани, аргументира дека пандемијата на коронавирусот покажала што се случува кога владеачката партија има неограничена власт.

„Какви и да се условите за избори, а тие се сигурно страшни, можам веднаш да ви кажам дека под Александар Вучиќ никогаш нема да бидат подобри“, изјави тој во мај.

Разговори за Косово по изборите

Влошената демократија во Србија привлече внимание и надвор од границите на земјата. Најновиот извештај на „Фридом Хаус“ покажува дека Србија од „делумно консолидирани демократи“ е спуштена во категоријата „хибридни режими“, со што се сигнализира на фрагилни демократски институции и „супстанцијални предизвици“ за граѓанските права и слободи.

ЕУ и САД, меѓутоа, се чудно воздржани во поплаките на сметка на Вучиќ. Тоа делумно може да се објасни со тоа што Вучиќ на меѓународните сојузници на Белград внимателно им покажува пријателско лице. Вучиќ е најважен партнер и на Западот околу решавањето на најважниот надворешнополитички проблем на Србија – Косово. Србија досега успева да го држи Косово надвор од повеќето меѓународни организации со помош на својот традиционален сојузник Русија.

САД вршат притисок за нови разговори меѓу Белград и Приштина. Поранешниот американски амбасадор во Берлин, Ричард Гренел, соопшти дека претставници на двете влади наредната недела, по изборите во Србија, ќе имаат средба во Белата куќа. Барем Вашингтон, како што изгледа, е уверен во победа на Вучиќ.

Александар Вучиќ Борко Стефановиќ избори Сергеј Трифуновиќ Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
ФОКУС

Трамп: Ја завршивме војната во Газа

ВЕСТИ October 9, 2025

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека синоќа е постигнат „историски успех“ на Блискиот…

Скопје: Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

October 9, 2025

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

October 8, 2025

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.