Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изборите ќе дојдат и ќе поминат – потребен е нов економски концепт

0
By Нова ТВ on November 4, 2019 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: Порталб
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 4, 2019 15:51

Француското вето за пристапни преговори кое донесе предвремени парламентрани избори, според аналитичарите ќе се “прекрши“ врз грбот на економијата. Во предизборен период не се очекуваат значајни реформски промени ниту пак крупни инвестициски одлуки, домашниот бизнис, навикнат на чести изборни циклуси, ќе апстинира од развојни проекти, па дури и од нови вработувања во очекување на политичкиот исход од изборите – коментираат дел од економистите што ги консултираше “Порталб“.

Што треба и што може да биде приоритет на економската агенда

Негативната разврска за Македонија во Брисел, дома ни ги отвори старите “рани“. Потпирајќи се на надежите дека ќе влеземе во процессна пристапаи преговори, што ќе значи спроведување и прилагодување кон европско законодавство, реформи, демократизација, посилна економија, професионална администрација, независно судство – сега  сите овие задачи останува или да чекаат подобри времиња или да се мобилизираат внатрешните капацитети за нивно решавање. Дел од економистите коментираат дека треба да се соочиме со проблемите на економски план и дека е време да се понуди нов концепт.

„Мислам дека прво земјата ќе мора стратешки да се (ре)позиционира. Не велам да се напуштаат сегашните стратешки определби, но за момент мислам дека тие треба одново да се разгледаат. Самото членство во НАТО дава одредени насоки во таа смисла, но во НАТО се членки сите оние земји чии што  билатерални интереси имаат влијание врз македонското надворешно и стратешко позиционирање. Таму се и САД, и Франција, и Германија, и Турција. Во меѓувреме, „средувањето“ на работите по дома треба да е врвен приоритет. Би рекол дека на прво место тоа се корупцијата, јавната администрација, медиумите, образованието и здравството. Ни треба сериозно нов пристап оти досегашните млаки и парцијални решенија само ги продлабочуваат проблемите место да ги решаваат. И, секако, нов економски концепт! Стапките на економски пораст од околу 3 проценти се далеку од доволни за земјата да излезе од вителот на низок раст. Како што во борбата против корупцијата ни треба сериозен „бум“, уште поголем бум е потребен во економијата.

Кој е потенцијалниот македонски извор на поголем економски раст? Уште ли се има толку надеж во извозот кој се покажа како недоволен и да го обезбедиме и да обезбеди економски бум? Може ли да зборуваме за поизвозно ориентирано земјоделство кога веќе толку пари се „истураат“ во него? Каква улога врз растот играат македонските банки? Зошто се држат на маргините небанкарските финансиски институции и можат ли тие да придонесат во оваа насока? Што би ги поттикнало фирмите да ги вложат заработките место да ги држат за малку, но сигурни пари во банките и кај Народната банка? Каква, пак, е и каква може да биде улогата на Народната банка во сево ова?“ – вели економистот Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации.

Во борбата за гласачи сите ветуваат пред се подбора економска иднина – повисоки плати, трнаспарентно трошење на државните пари, отчетност, поголем економски раст, но ние сме сведоци дека многу од овие ветувања изминатите децении останаа неостварени а дел од оние кои се реализираа имаа висока “цена“, на пример на буџетарите им се зголемуваа плати со скапи кредити.

„Приоритет на сите досегашни Влади било релизација на основните макроекономски цели (зголемување на стапката на економски раст, зголемување на вработеноста, зголемување на извозот и одржување на макроекономската стабилност). За да се постигне реализација на тие цели потребни се вложувања, кои би биле во функција на економскиот развој преку зголемување на пазарот  на физичкиот и човечкиот капитал. Ние се соочуваме со т.н. временска дистанца во технолошкиот равој, во примената на нови знаења и технологии, а тоа има негативно влијание врз продуктивноста, конкурентноста и доходовноста на домашната економија. Последните петнаесетина години имавме шанса економијата да ја ставиме на здрави нозе ( како ниско задолжена земја), но тоа не го направивме, а сега, сега е тоа можно со дополнително задолжување, но не за плати, пензии и за  социјални пакети, туку задолжување во функција на економскиот развој, во спротивно ќе продолжиме да се вртиме во круг“ – вели професорот Семи Бислими.

Без разлика на изборниот исход – следната Влада ја чекаат многу отворении прашања и од неа се очекува политичка храброст и волја за решавање на горливите теми – велат економистите.

„Имаме ли алтернативи за недостигот воопшто на работна сила, а особено на квалификувана работна сила? Натаму, реалокацијата на ресурсите е исто така сериозно прашање кое треба веднаш да се разгледа. Дали сме сигурни дека сите расположиви ресурси (кои секако се ограничени) се правилно употребени и насочени за да обезбедуваат услови за живот и работа на сите граѓани? Правиме ли сè што е можно за да обезбедиме правилен и потребен развој на човечкиот капитал на оние малкуте луѓе што останаа во земјава (во смисла на здравствени, образовни и социјални политики)? Уште колку време ќе зборуваме за гломазна, неефикасна и партизирана јавна администрација (која инаку би можела да биде поддржувач на развојот)? Климатските промени и загадувањето веќе нè погодуваат како земја и како население. Имаме ли концепт за справување со нив? Парите што се потребни, а потребни се многу, очигледно дека ги немаме“ – кометира Филков.

Дел од бизнисмените за “Порталб“ велат дека се навикнати на изборни циклуси и посочуваат дека клчниот извор на неизвесност е неодржливоста на законските решенија.

„Се носи закон кој одреден еприод е на сила, но со доаѓање на нова владеачка гарнитура тој закон се менува преку “ноќ“ и тоа претставува голем проблем – неодржливоста на законските решенија, нивното често менување е на штета на бизнисот“ – коментира стопанственик од Скопје за Порталб.

Вообичаено предизборието најмногу се одразува врз инвестициската активност.

„Во предизборие, Владата и Собранието го одложуваат донесувањето одлуки, а меѓу другото запира и т.н. инвестициско трошење во инфраструктурата, капиталните средства и сл. Сите овие појави влијаат негативно врз економскиот раст. Исто така, како земја не сме имуни и на ситуација, во предизборниот период забрзано да за се троши на јавни набавки на средства, услуги и работи во насока на собирање политички поени, без секогаш тие трошења да се потребни и целисходни. Притоа, ова не треба да се сфати дека не треба да има избори. Тие се нормална појава во една демократија, но, не имплицирајќи на конкретната ситуација во земјава, треба да се настојува изборите да се одржуваат во своите редовни термини за да се сведе на минимум нивното негативно влијание врз економијата“ – заклучува Филков.

Јасно е дека следните шест месеци сите горливи теми и прашања ќе бидат спакувани како “ветувања“ во изборните кампањи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.