Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Издавачка куќа “Блесок”: Поезија од Бранко Чегец- „Полн месец во Истанбул“

0
By Нова ТВ on June 23, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 23, 2014 16:38

Деновиве, во престижната поетска едиција „Бореа“, Блесок од Скопје во печатен и електронски формат ја објави книгата поезија од Бранко Чегец „Полн месец во Истанбул“, а со поддршка на македонското и хрватското Министерство за култура. Преводот од хрватски е на Игор Исаковски.

Бранко Чегец (р. 1957) е хрватски автор кој објавил петнаесетина книги поезија и есеи, уредник е во издавачката куќа Меандар медија од Загреб. Поезијата му е вклучена во триесетина антологии, избори и прегледи во земјата и странство. Автор е или коавтор на повеќе избори и прегледи на хрватската поезија и проза во Хрватска и во странство. Поезијата му е преведувана на француски, словенечки, германски, англиски, италијански, унгарски, полски, литвански, македонски…

Книгата на Бранко Чегец „Полн месец во Истанбул“ има повеќекратен, полиперспективен карактер: таа е наличје на загубената сегашност, чиј (поетски) глас истрајува во хаотичното секојдневие, во разликата, во откажувањето од завршената и совршената слика на светот.

Фрагменти, микроесеи, поезија – записи од пуст јазик – настануваат врз тлото на демонтираната хронологија, несигурното помнење како сублимација на она што нè опкружува и жестоко се впишува во нашиот видокруг, во нашите тела, во говорот.

Слободниот говорник со навидум критички монолог ниже сцени од непосредната (општествена) околина и ги срамнува со читањата на Другиот и Другите, претворајќи ги во документ на хаосот во кој живее, живееме. Станува збор за литература која, на патот од графити и плакати до приказна и песна, го поткопува сопствениот јазик, коментира и ги доведува во прашање статусите и улогите на оние кои ја креираат тековната состојба на работите – а таа не е пријатна, прилагодена кон она што би го нарекле свој живот или простор на сигурност.

„Полн месец во Истанбул“ прска од провокативност и сексуалност (на текстот), кој сигурно веќе не е ексцесен, или не осигурува недозволена мерка страв, но го менува просторот на гледање и лавиринтот (на читање) на текстот. „Полн месец во Истанбул“ е вознемирувачки поетски дневник, сокриен во sms пораки, несигурно море и помнење, алузии, цитати и парафрази, во име на храбрите и губитниците, во име на силовитоста и борбеноста… Помеѓу трошното и вечното, баналното и патетичното. Запишаното, возвишеното и авантуристичкото.

Копнежот и хаосот се мерка за записите на Бранко Чегец, а колку и да е тоа под знак прашање (пишувањето, впишувањето, втиснувањето на знаците и значењата) – и единствениот можен одговор. Единственото можно оружје. Единствената можна одбрана. Сега за сега.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.