Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изет Зеќири е новиот ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“

0
By НОВА ТВ Terziova on April 26, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Досегашниот ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, Азиз Положани денеска ја предаде должноста на неговиот наследник Изет Зеќири на церемонија на која, меѓу другите, присуствуваа и министерите за образование и наука и за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири и Адмирим Алити.

Министерот Шаќири потенцираше дека со отворањето на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје во 2016 година се реализираше уште една голема идеја во рамки на заложбите за унапредување и проширување на можностите за едукација на сите граѓани, особено на албанската популација во земјата, но и во регионот, затоа што овој Универзитет сé повеќе станува избор и на студенти од околните држави.

– УМТ дава голем придонес кон реализација и унапредување на високообразовната и научно-истражувачката дејност. Веќе создава академски генерации кои се потврдува дека се добро подготвени и успешно се интегрираат во функционирањето на општествените системи, но и се предводници на промените кон подобро, нагласи министерот Шаќири

Тој додаде дека имал неколку средби со универзитетите за разгледување на можностите и потребите кои постојат за поголема финансиска поддршка за академските кадри во врска со истражувањата.

На новинарското прашање кога би можело да се очекува започнување на изградбата на кампусот на универзитетот „Мајка Тереза“, Шаќири нагласи дека е постигнато многу во таа насока и од страна на Владата и од страна на Универзитетот и дека се останати само административни процедури.

– Наскоро се очекува административните процедури да бидат комплетирани и во текот на 2022 година ќе почнеме со изградба на комплексот на Универзитетот „Мајка Тереза“, додаде Шаќири.

Сега веќе поранешен ректор на Универзитетот, Азиз Положани, изрази задоволство за добивањето дозвола за адаптирање на еден објект кој ќе започне уште од оваа година.

– Конечно добивме дозвола за адаптација на еден објект, на кој, како што кажа и министерот, уште оваа година ќе се изврши адапатацијата и со ова ќе има големо олеснување на инфраструктурните потреби на Универзитетот, како и во квалитетот на наставата, затоа што квалитетот зависи и од инфраструктурните услови, нагласи Положани и додаде дека откако се одземени земјиштето и објектот сега ќе може да почне процедурата за изградба на универзитетскиот кампус.

Новиот ректор Изет Зеќири потенцираше дека ќе се обиде на ефикасен начин да го менаџира Универзитетот за да го достигне своето елитно ниво во Скопје.

– Ќе работам многу за подобрување на условите за студирање, особено во градежната инфраструктура и создавање на услови за студентите. Ќе работиме за зголемувањето на нивото на квалитетот на наставата, на администрацијата и на службите, истакна Зеќири.

На новинарско прашање за влијанието на постојниот објект на квалитетот на наставата тој рече дека Универзитетот нема објективни проблеми во однос на инфраструктурата, но дека претворањето на касарната Илинден во кампус на Универзитетот е исто така и негов приоритет.

Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, исто така ја потврди поддршката на Владата за новиот кампус на Универзитетот, како и за зголемување на квалитетот на наставата и на истражувањата.

Дома Изет Зеќири Македонија ректор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.