Претставата „Изгубени Германци“ по текст на Дејан Дуковски ја имаше својата премиера во Македонскиот народен театар. Режијата е на Слободан Унковски.

Претставата го собра дрим-тимот на македонскиот театар: Никола Ристановски, Тони Михајловски, Ѕвезда Ангеловска, Емил Рубен, Kамка Тоциновски, Јордан Симонов, Оливер Митковски, Сања Арсовска и Јовица Михајловски.

Материјата многу говори за нашиот сегашен миг како нација и како држава.
Слушнете ги првите впечатоци од публиката, веднаш по претставата.