Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изгубени во Македонија: Споменик за Сабина Османович

0
By Нова ТВ on November 4, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 4, 2013 14:27

Изгубени во Македонија

Споменик за Сабина Османович

Во саботата на плоштадот Магнолија во Битола се случи необично сценарио: околу 16:00 часот беше довозен камион натоварен со купиште ситен камен (чакал) кој едноставно го испушти веднаш до споменикот на Филип II. Потоа, некои уметници почнаа да ги земаат камењата и да ги организираат преку подот како графит направен од камења, испишувајќи го името „Сабина Османович“

Ова, всушност, беше проект настанат како резултат на работилницата за уметност во јавен простор, а истата се одржуваше во текот на изминатата седмица во Центарот за Култура, во соработка помеѓу уметниците Снежана Алтипармак од Битола и Алмут Рембгес од Швајцарија. Алмут е веќе еден месец во Битола и работи како уметник во престој на фестивалот “Culturescapes”.

Фестивалот е годишен настан во Швајцарија, а оваа година е насочен кон размена со современи уметници од балканските земји.

Двете уметнички се одлучија да создадат привремен споменик од камења за една млада жена од ромската заедница во Македонија, Сабина Османович. Таа, до пред неколку години живеела во Швајцарија, каде се сретнале со Рембгес и заедно направиле театарски перформанс.

Подоцна, морала да ја напушти земјата и тие изгубиле контакт. Рембгес во моментот не знае каде живее Сабина, но, претпоставува дека се вратила во Македонија.

Камениот графит беше создаден како споменик за оваа млада жена, која припаѓа на малцинство често дискриминирано низ целиот свет. Исто така, многу од нив аплицираат за азил во Швајцарија, која пак практикува една од најстрогите анти-миграциски политики во Европа. Новиот закон прави речиси невозможно за луѓето од Балканот да бидат прифатени од страна на рестриктивниот швајцарски систем за азил, па повеќето од нив се депортирани назад во нивните матични земји.

Уметничките го избраа каменот како симболична претстава за миграција, алудирајќи и на камењата поставени покрај железничките пруги. Во прилог на тоа, камењата исто така важат за алатка на отпор од страна на немоќни луѓе, кои немаат оружје.

Споменикот за Сабина исто така е симбол за историјата на обичните луѓе, така наречена микро-историја. Така што проектот сака да создаде исказ за луѓето кои се заборавени од традиционалниот начин на пишување на историја. Во опозиција на тоа, камењата на плоштадот Магнолија се знак на солидарност со оние кои се помалку застапени во создавањето на споменици.

Во таа смисла, уметничките го гледаат нивниот проект како ‘контра-споменик’ изграден од бесконечен број на искршени парчиња камен и кој е буквално акт на повторно пишување историја. Проектот не се однесува само на специфичната приказна за Сабина Османович: Исто така креира симболична врска помеѓу две лица од две различни земји и има за намера да направи критичка изјава за рестриктивниот систем за миграција во Швајцарија.

Конечно, графитот исто така би можел да биде директен сигнал до Сабина, како што се надеваат уметничките да бидат исконтактирани од нејзе ако таа прочита, или, слушни за овој проект. Контакт е-пошта: info@bblackboxx.ch

Проектот е дел од едномесечната artist in residency програма на уметничката Алмут Рембгес, поддржан од Pro Helvetia, а реализиран во соработка со фестивалот CULTURESCAPES, Факултет за работи што не се учат, АКТО Фестивал за современа уметност, Академијата bblackboxx no border и локалниот партнер НУ Центар за култура Битола.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.