Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Излезе од печат „Да живее долна дупка“ на легендата на македонската театарска и филмска уметност Коле Ангеловски  

0
By Zoran Ivanov on April 1, 2026 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 1, 2026 19:32

Од печат излезе книгата „Да живее Долна дупка“ на легендата на македонската театарска и филмска уметност Коле Ангеловски – театарски и филмски актер, режисер и сценарист, комедиограф, писател и раскажувач. Книгата е своевидна збирка на четири комедии: „Да живее Долна дупка“, „Аферата ’Рекет’“, „Аферата ’Ладен шприцер’“ и „Птица со главата меѓу нозе“, кои Коле Ангеловски ги напиша во последните десетина години.

Од нив две веќе се поставени на сцените на македонските театри. „Да живее Долна дупка“, чиј режисер е самиот Коле Ангеловски, премиерно беше изведена на сцената на Театар Комедија на 29 јануари 2025 година и веќе доживеа десетина претстави. Оваа комедија, во која ликовите ги играат Горан Ников, Жаклина Стевковска, Роберт Ристов и Јаков Спасов, успева со леснотија и хумор, а сепак жестоко, низ сатирична визура да ги согледа и да ги претстави нашата посттранзициска стварност, општествените аномалии и отсуството на вредностите.

„Да живее Долна дупка“, според рецензентот на книгата Горан Смилевски, на извесен начин, е нашиот македонски „Ревизор“. „За ликовите кои живеат во Долна дупка недостижниот Брисел ја има позицијата која за ликовите од зафрлената руска провиниција ја има далечната престолнина, ликот на градоначалникот е современ и овдешен пандан на Антон Сквозник – Дмухановскиј, додека пак Роберт во рамките на драмското дејствие на ’Да живее Долна дупка’ ја има функцијата која во ’Ревизор’ ја има Хлестаков“.

„Птица со глава меѓу нозе“, исто така во режија на Коле Ангеловски, пак, премиерно беше изведена на сцената на Драмски театар – Скопје на 10 ноември 2021 година. Преку улогите на актерите Стефан Вујисиќ, Маја Вељковиќ Пановска, Благој Чоревски, Ѓокица Лукаревски, Марија Кондовска, Анастас Тановски, Калина Наумовска, Благица Димитровска и Симон Манасковски, „Птица со главата меѓу нозе“ говори за растргнатоста на индивидуата меѓу сегашноста и минатото, за пандемијата, економската криза и за социјалните превирања во нашава земја.

„Аферата ‘Ладен шприцер’“ од една комична перспектива ни ги претставува аномалиите на начините на кои се одвива локалната самоуправа, а провокативноста на „Аферата ‘Рекет’“, пак, произлегува од тоа што главните ликови се засновани на главните протагонисти од аферата позната на нашата јавност под истото име, но тоа е само почетна точка за Ангеловски, кој на извонредно комичен начин го развива драмското дејствие.

Во сите четири комедии обединети во оваа книга, преку необичните пресврти и извонредно водениот дијалог, Коле Ангеловски успешно им дава драмски облик на актуелностите на нашето време.

Приредувач и уредник на „Да живее Долна дупка“ е Свето Стаменов, политиколог, новинар и несомнено еден од најплодните македонски публицисти, автор,  коавтор, приредувач и уредник на седумдесетина книги од најразлични жанрови, додека, пак, за дизајнот на книгата се погрижи младата македонска графичка дизајнерка Бојана Симевска. Книгата  е збогатена и со триесетина колор фотографии од претставите „Да живее Долна дупка“ и „Птица со глава меѓу нозе“ во Театар Комедија и Драмски театар.

Излегувањето на книгата финансиски е помогнато од Министерството за култура и туризам во рамките на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во 2026 година.

Инаку, Коле Ангеловски, покрај „Да живее Долна дупка“, автор е и на книгите „Како Орсон Велс ме бркаше по улиците на Мостар“ (2012) и „Педесет години во Драмски и клоцата во …“ (2019), чиј приредувач и уредник беше Свето Стаменов, како и на ЦД-ром со шеесет театарски текстови, кои за прв пат беа преведени на македонски јазик, а повеќето од нив беа реализирани како претстави на сите сцени во Македонија.

 

 

 

 

 

 

книга коле ангеловски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.