Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Излезе стихозбирката „Monologue of the Soul“ на Александар Сандевски

0
By Zoran Ivanov on July 14, 2026 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 14, 2026 21:09

„Monologue of the Soul“ е насловот на најновата стихозбирка на проф. д-р Александар Сандевски, супспецијалист по пулмологија и алергологија на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза во Скопје, кое деновиве излезе од печат.

Иако на прв поглед изгледа како препев на англиски јазик на „Монолог на душата“, која беше објавена пред неполни два месеца, со оглед на суштинските интервенции на авторот во песните, „Monologue of the Soul“ ги поседува речиси сите карактеристики на оригинално дело. Освен тоа, она што импонира и претставува посебен куриозитет е што авторот во стихозбирката го користи средновековниот англиски јазик, што на песните им дава уште поголема специфичност.

Стихозбирката, исто како и неговата верзија на македонски јазик,  содржи точно 50 песни, создадени во последните шест месеци, во кои авторот ја негува својата автономна поетика со нагласена искрена интимност.

Во својата рецензија „Барање смисла во човековата бездна“, поранешниот словенечки амбасадор во Скопје, универзитетски професор, писател и поет Милан Јазбец, говорејќи за авторот и за неговата поезија, меѓу другото, истакнува: „Сандевски е поет кој нурнува длабоко во човечката суштина, а покрај тоа е и доктор на медицински науки. Тоа значи дека, покрај грижливото навлегување во бездните на човечката душа и тело, тој поседува и систематичен, конзистентен и аналитички поглед врз човечката единка. Неговата синтеза е целосна, уредена и математички прецизна. Значи, од една страна, поет кој ја разбира и сфаќа длабочината на човечките емоции, бидејќи ја познава структурата на телото што ја носи душата, а од друга страна, е човек на науката.

На крајот на краиштата, смислата на неговото творештво претставува динамичен виор во кој постојано се менуваат, се надополнуваат и се преплетуваат копнежот и тагата, надежта и загубата, а пред сè, суптилноста како начин на изразување на авторот, кој е длабоко позициониран во мистеријата на човечкиот живот. Тоа е вокација што самиот ја избрал, што е голема привилегија, а можеби понекогаш, како што ни говори неговата поезија, и силна и тешко одолива мистерија“, – вели проф. д-р Милан Јазбец, нагласувајќи дека „кога ги читаме тие песни, таа поезија на нашиот автор Александар Сандевски, имаме чувство дека тие се таа camera obscura што го враќа животот повторно во неговиот природен тек и го поставува назад на нозе. Таков каков што мора да биде“.

Приредувач и уредник на „Monologue of the Soul“ е Свето Стаменов, политиколог, новинар и истакнат македонски публицист, а корицата е дело на младата македонска графичка дизајнерка Бојана Симевска.

Инаку, проф. д-р Александар Сандевски, освен со пишување поезија, активно се занимава и со преведување дела од македонски на англиски јазик. Досега ги превел книгите: „Лебедовата песна на Заробеничката на ветрот“ („The Swan Song of the Prisoner of the Wind “) на Искра Чоловиќ и Свето Стаменов и „Сребрени ноќни игри и Заробеници на ветрот“ („Silver Night Games and Prisoners of the Wind“) на првата македонска поетеса Даница Ручигај. Оваа книга, всушност, е превод на целокупниот поетски опус на првата македонска поетеса кој за прв пат, по преводите на српски и словенечки јазик, се појавува и на англиски јазик.

книга моноплог сандевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 7, 2026

  Триста илјади жртви на злоупотреба во француските цркви

ВЕСТИ August 7, 2026

Папата Лав XIV ќе се сретне со жртвите на злоупотреба од страна на свештеници за…

Јаневска: Во септември ќе има 4.900 првачиња помалку од лани

August 6, 2026

Украинците за прв пат користат роботи во борба: ги спуштија зад руските линии со дрон

August 4, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

August 1, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.