Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изложба на Горанчо Ѓорѓиевски во Црна Гора

0
By on May 28, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 28, 2013 16:19

Во Народниот музеј на Црна Гора – Ателје „ДАДО“ во Цетиње, вечерва, ќе се отвори авторска изложба на Горанчо Ѓорѓиевски, насловена „Curatorial Workshop“. Оваа е изложба е во целост е финансирана од Народниот музеј на Црна Гора. Утре ќе се одржи презентација на проектот за студентите на Академијата за ликовни уметности во Цетиње.

„Curatorial Workshop“ на Горанчо Ѓорѓиевски е замислен како едноставен проект во кој кустосот е фотографиран со одбраниот уметник во контекст на уметниковото творештво. Преку овој проект се разгледуваат сложените промени во „природата“ на уметничкото дело, односно се разгледуваат ситуацијата во која кустосот превзема извесни компетенции на уметникот и на трагите на материјалната практика на уметникот го изведува својот кураторски проект.

Во проектот учествуваат светски познатата уметничка група Irwin, Колективот ЗЕРО, Урош Ѓуриќ (познат на македонската јавност по улогата на Ангелот во филмската трилогија „Ние не сме ангели“), Атанас Ботев, Александар Станкоски, Жанета Вангели, Ирена Паскали, Ѓорѓе Јовановиќ, Мирослав Стојановиќ, Нина Тодоровиќ, Милош Коџоман, Зоран Попоски, Синиша Цветковски, Александра Петрушевска, АРТ И.Н.С.Т.И.Т.У.Т., Игор Тошевски, Тоше Ристов и Борјана Божиновска, како и фотографите Бојан Симовски, Роберт Јанкулоски, Предраг Терзиќ, Бојан Радовиќ; Ladislav King, Тоше Ристов, Владимир Чачаровски и Златан Давидов.

Текстот за изложбата го напиша Мирјана Дабовиќ Пејовиќ.

Истата изложба беше претставена во Галеријата Ремонт во Белград, каде во списанието за уметност „Арт Фама“ беше прогласена за изложба на годината, гостуваше во „Местна галерија“ во Љубљана, а за овој проект, во најновата книга „Уметност и политика“ пишува познатиот теоретичар на концептуалната уметност Мишко Шуваковиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.