Улиците „Димитрије Чуповски“ и „Даме Груев“, како и дел од булеварите „ВМРО“ и „Илинден“ во центарот на Скопје денеска ќе имаат изменет режим на сообраќај, поради одржување на „Парада на гордоста“ од 12 до 17 часот, информираа од Министерството за внатрешни работи.

– Предвидената траса на движење на учесниците од пред паркот „Жена Борец“, која започнува во 12:00 часот е по улица „Димитрије Чуповски“, свртување на улица „Даме Груев“ и булевар „ВМРО“ кон Владата на РСМ, па по булевар „Илинден“ до фонтаната во Градски парк и завршува на „Школка“ во Градскиот парк во 17:00 часот. Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, кој ќе се пренасочува по околните сообраќајници, се вели во соопштението.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.