Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изненадувања на доделувањето Златен глобус

0
By on January 17, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 17, 2013 13:37

Воената драма „Арго“ ја освои наградата Глобус за најдобра драма и за најдобра режија на 70. јубилејно доделување на „Глобус“, награди за кои одлучуваат странските новинари и филмски критичари во Холивуд.

Најмногу Глобуси – три на број освои мјузиклот „Клетници“, но најмногу внимание предизвика изјавата на Џоди Фостер, која рече дека е геј и дека се повлекува во пензија. Ова не беше единственото изненадување на втората најважна ноќ во Холивуд. Режисерското остварување на Бен Афлек, воениот филм „Арго“ му го донесе првиот Златен глобус за режија. Хју Џекман и Ен Хатавеј ги добија Глобусите за најдобри улоги во наградениот мјузикл „Клетници“.

Фаворитот „Линколн“ освои само една награда за британскиот актерски маг Даниел Деј Луис, иако во трката влезе со дури седум номинации. Во натпреварот за Оскар, овој филм со режисерскиот потпис на Стивен Спилберг,ј е номиниран дури во 12 категории.
Здружението на странски новинари очигледно бил импресиониран од вестернот на Квентин Тарантино „Одмаздата на Џанго“, па му доделија две награди – на Тарантино за најдобро сценарио и на Кристофер Волц за најдобра епизодна улога.

Вообичаено е Златните глобуси да се показател за тоа кој ќе ги освои Оскарите во февруари, но годинава, номинациите за наградите на Американската филмска академија беа соопштени пред доделувањето на Глобусите. А и составот на гласачите за овие две најпрестижни филмски награди е сосема различен.

Шокантниот момент на свеченото доделување, годинава, беше признанието на педесетгодишната Џоди Фостер дека е геј и дека се повлекува од филмската индустрија. Таа ја доби наградата за животно дело „Сесил Б. Де Мил“
„Па кога веќе се исповедам, претпоставуам дека имам ненадејна потреба да кажам нешто што досега никогаш не сум била во состојба јавно да го кажам. Значи имам нешто да изјавам… нешто што ме прави малку нервозна, ама можеби не толку нервозна како што е мојата изавачка, а Џенифер? Но знаете дека ќе го кажам тоа што го мислам, нели? Јасно и гласно, така? Е, затоа ќе ми треба вашата поддршка. Јас сум… сингл. Да сум, јас сум сингл. Не, се зезам. Но не се зезам баш, туку само делумно ве зафркавм. Ви благодарам за ентузијазмот. Може некој да почне да завива како волк или нешто слично? Се надевам дека не мислевте дека ова ќе биде мојот голем говор за истапување во јавноста, зашто јас го направив тој мој говор одамна, пред околу илјада години, за време на каменото доба. Во тие старомодни денови, една кршлива млада девојка вообичаено им се доверуваше на најблиските пријатели и на семејството, соработниците, а потоа постепено и гордо на сите кои ги познаваше, па на сите кои ги сретнала некогаш. Но сега, како што ми кажуваат, од секоја славна личност се очекува да ја удостои јавноста со детали од својот приватен живот преку прес конференција, креирање на свој сопствен парфем и реално шоу кое оди во ударните термини. И може ќе се изненадите, ама јас дечки не сум детската ѕвезда Хони Бу Бу. Не, жалам ама тоа навистина не сум јас, никогаш не сум била и никогап нема да бидам. Ве молам немојте да плачете, зашто навистина моето реално шоу би било навистина досадно. Би требало да се смувaм со Марион Котлиард, или би требала да го исплескам Даниел Креиг по задникот, знаете, за да останам на програмата. Што и не е лоша работа, ако успеете да ја добиете.

Но сериозно. Ако сте биле јавна личност од мали нозе, и ако сте морале да се борите за живот кој е реален и чесен и нормален и покрај се, тогаш можеби и вие би ја ценеле приватноста над се друго. Приватност. Еден ден, во иднина, луѓето ќе застанат да се потсетат колку убаво било еднаш во минатото. Овдека дадов се, уште од времето кога имав 3 години. Ова е реално шоу само по себе, не ви се чини? Има неколку тајни кои ја чуваат неоштетена вашата психа во текот на една толку долга кариера. “ – Џоди Фостер http://www.vulture.com/2013/01/read-jodie-fosters-golden-globes-speech.html

Се надевам дека не сте разочарани што нема да има „голем“ говор за тоа дека сум геј – јас тоа го направив пред 1000 години пред моето семејство и пријателите“. рече Фостер.
Друг куриозитет на церемонијата беше и тоа што поранешниот претседател Бил Клинтон ги претстави инсертите за филмот „Линколн“.
Најдобрата ТВ комедија е серијата „Девојки“(Girls) , а најдобра ТВ драма е “Татковина“ (Homeland).

Сите добитници на Златен глобус за 2012.
Филмови:
Драма
„Арго“

Комедија/мјузикл
„Клетници“

Режисер
Бен Афлек („Арго“)

Актер, комедија/мјузикл
Џин Хекман („Клетници“)

Актерка, Комедија/мјузикл
Ен Хатавеј („Клетници“)

Актер, Драма
Даниел Деј Луис („Линколн“)

Актерка, Драма
Џесика Честејн (“Zero Dark Thirty”)

Актер, епизодна улога
Кристоф Волц („Одмаздата на Џанго“)

Актерка, епизодна улога
Ен Хатавеј („Клетници“)

Сценарио
Квентин Тарантино („Одмаздата на Џанго“)

Оригинална музика
Mychael Danna („Животот на Пи“)

Најдобра песна
Адел („Skyfall“)

Анимиран филм
“Brave”

Странски филм
„Љубов“ режија Петер Хандке

Телевизија:

Мини серија/ ТВ филм
“Game Change”, продукција HBO

Драма
“Homeland”, продукција Showtime

Комедија/мјузикл
„Девојки“”, продукција HBO

Актер, драмска серија
Демијан Луис, “Homeland”, продукција Showtime

Актер, комедија/мјузикл
Дон Чидл “House of Lies”, продукција Showtime

Актерка, комедија/мјузикл
Лена Денам, „Девојки“, продукцција HBO

Споредна машка улога, серија/ТВ филм
Ед Харис, Game Change, продукција HBO

Актерка , споредна улога
Меги Смит “Downton Abbey”, продукција PBS

Актер, споредна улога
Кевин Костнер, “Hatfields & McCoys”, продукција History

Актерка, серија/мини-серија/ТВ филм
Џулијен Мур, “Game Change”, продукција HBO

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.