Весниотк „Израел Хајом“ објави документ од 21 кој страница открива детален план за воспоставување меѓународна преодна власт за управување со Појасот Газа по војната, предводена од поранешниот британски премиер Тони Блер.
Планот, формулиран од тим поврзан со канцеларијата на Блер и американско-израелски кругови блиски до администрацијата на Трамп, предлага меѓународна управна рамка која би функционирала во Газа три до пет години, додека контролата не се пренесе на „реформирана“ палестинска власт.
Во суштината на планот е формирање меѓународен управен одбор од седум до 10 члена (бизнисмени, дипломати, економски експерти). Тони Блер би го водел одборот како генерален координатор или извршен претседател, одговорен за сите централни одлуки за политиката, безбедноста и економијата во Појасот. Привременото седиште се очекува да биде во Ал-Ариш, Египет или Доха, Катар.