Израел и Турција ги заживееја односите ставајќи крај на шест-годишниот судир за убиството на 10 турски активисти од страна на изразелската војска во појасот Газа.
Турскиот премиер Бинали Јилдирим објави дека со договорот постигнат за време на викендот, Израел се обврзува да исплати 20 милиони долари како компензација, и дека ќе и биде дозволно на Анкара да испрати помош во Газа и да продолжи со инфраструктурни проекти од страна на Палестина.
Според премиерот на Израел пак, Бенјамин Нетанјаху, со договорот ќе се стабилизира Блискиот Исток.
Инаку двете земји споделуваат многу стратешки интереси а некогаш беа и блиски сојузници.
По договорот кој треба официјално да биде потпишан во текот на оваа недела, земјите ќе назначат амбасадори што е можно поскоро.
Овој договор го поздрави и претставникот од американскиот државен секретар, Џон Кери.
– Задоволни сме ваквиот чекор. Сакавме да го видиме ова, изјави Кери.
Претходно, по инцидентот со убиството на десетмината турски активисти, Израел и Турција ја намалија својата разузнавачка соработка, а ги откажаа и заедничките воени вежни.




