Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Израел тврди: Уништена речиси целата иранска инфраструктура во Сирија

0
By Нова ТВ on May 10, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 10, 2018 11:14

Израелската армија ја уништи речиси целата иранска инфраструктура во Сирија, изјави денеска министерот за одбрана на Израел, Авигдор Либерман.

Тој додаде дека ниту една иранска ракета не погодила цели во Израел. Според него сите ирански ракети или беа соборени од израелската противвоздушна одбрана или воопшто не стигнале до израелска територија.

– Израел не тежнее кон ескалација со Иран и се надевам дека тоа поглавие ќе биде затворено и секој ја доби пораката, наведе Либерман.

Ирански воени сили синоќа од Сирија истрелаа ракети врз израелски воени бази на Голанската Висорамнина, на што израелски воени авиони извршија напади врз ирански цели на сириска територија.

Претходно, портпаролот на на израелската армија Јонатан Конрикус изјави дека израелската армија уништи десетици ирански воени цели во Сирија, како одговор на ракетирањето врз Голанска Висорамнина.

Во соопштението на израелската армија се наведува дека извршила воздушни напади врз десетина објекти на Ал Кудс во Сирија, меѓу кои штабови, воени и логистички комплекси на иранската специјална единица, ирански воен камп северно од Дамаск, магацини на Ал Кудс што се лоцирани на меѓународниот аеродром во Дамаск, набљудувачки пунктови, како и локациите од каде биле истрелани ракетите врз Израел.

Израелските авиони ја нападнале и сириската противвоздушна одбрана, откако отворила оган врз авионите, но ниту еден не погодила.

Тој додаде дека израелската армија нема да дозволи Иран да дејствува од Сирија и оти Дамаск ќе биде одговорен за тоа што се случува на сириска територија.

– Израелските вооружени сили се подготвени за голем број сценарија. Доколку продолжи агресијата врз израелскиот суверенитет и граѓани, армијата одлучно ќе одговори, наведе Конрикус.

За нападот врз ирански цели во Сирија Израел ја известил Русија пред нападите согласно Механизмот за избегнување на судири меѓу израелската и руската армија во Сирија од 2015 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.