Во Израел денеска е регистриран најголем број новозаразени со ковид-19, пред сè поради сојот Омикрон, и покрај рестрикциите за патувања и мерките за изолација, соопшти Владата.
Во изминатите 24 часа се потврдени 11.978 случаи, што е најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата.
Претходниот „црн рекорд“ беше забележан на 2 септември во 2021 година со 11.345 новозаболени од сојот Делта.
Во Израел, 63 проценти од 9,4 милионското население примило две дози на вакцина, а 43 проценти примиле и бустер доза против Ковид-19. Во Израел од неодамна е предвидена четврта доза за лицата постари од 60 години и со слаб имунитет.