Published: Monday, September 15, 2014 10:18
Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека за првпат од 12 кандидати била избрана жена за амбасадорка на Јордан.
Еинат Шлаин, порано служела во Аман на почетокот од својата дипломатска кариера, а потоа и во израелската амбасада во Вашингтон.
Таа во моментот го води Интернационалниот дипломатски истражувачки центар на Министерството за надворешни работи.
Жени амбасадори биле назначени и во Франција, Романија, Бугарија, Белгија, Кипар и Кина.




