Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Израелски министер се закани дека се изброени деновите на лидерот на Хамас

0
By Нова ТВ on November 21, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 21, 2018 17:23

Израелскиот министер за градежништво и домувањето Јоав Галант се закани со убиство на лидерот на палестинското исламистичко движење Хамас, кое управува со Појасот Газа, пренесува БТА.

Галант предупреди дека се подготвува нова „голема кампања”, во која Израел ќе нанесе сериозен удар на екстремистите од Хамас.

Министерот, кој е поранешен генерал на израелската армија и кој командувал со израелските сили во Појасот Газа, изјави дека лидерот на Хамас Јахија Синуар треба да ги преиспита своите постапки за да не се сретне повторно со израелската армија.

– Деновите на Јахија Синуар се изброени, тој нема да умре во дом за стари лица, и тој мора да се однесува соодветно, рече Галант на прес-конференцијата организирана од страна на „Ерусалим пост“.

Меѓународната заедница стравуваше дека Израел и Хамас се на работ да започнат четврта меѓусебна војна во рок од една деценија, но со помош на Египет и Обединетите нации беше договорен прекин на огнот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека моментот е несоодветен за поголем конфликт со Хамас и беше критикуван за договорот за прекин на огнот постигнат со Палестинците. Министерот за одбрана Авигдор Либерман поднесе оставка во знак на протест и го обвини премиерот Нетанјаху дека спроведува премногу мека политика кон терористите. Либерман, исто така, ја повлече неговата партија „Нашиот дом Израел” од коалициската Влада на Нетанјаху, со што мнозинството пратеници драстично се намали.

Со силен Хамас и со население одлучно на отпор, нова војна во Газа би била поголема катастрофа за израелската Влада и Нетанјафу е многу свесен за тоа, коментира „Ал Џезира“. Телевизијата оценува дека најголем регионален приоритет на Нетанјаху е спротиставување на Иран и неговите сојузници. Оттаму, Газа без конфликт овозможува сузбивање на иранското влијание во Појасот Газа и фокусирање на вниманието на најголемиот проект на Нетанјаху – спротиставување на Иран на остатокот на Блискиот исток, наведува „Ал Џезира“.

Израелскиот премиер се обидува да го зајакне антииранскиот фронт на Блискиот исток преку воспоставување сојуз со арапските заливски држави, најмногу Саудиска Арабија, и со САД и постигнување „конечен договор“. Тој договор предвидува наметнување на одреден облик на територијално решение на палестинското прашање и целосно нормализација на односите со арапските држави, со цел дополнително изолирање на Иран во регионот, наведува „Ал Џезира“.

По посетата на Оман, израелски извори тврдат дека во тек се интензивни контакти со друга муслиманска земја каде Нетанјаху би заминал во официјална посета. Тие извори тврдат дека таа држава нема дипломатски односи со Израел, но дека во преговорите е направен значителен напредок, поради што се очекува набрзо Нетанјаху да ја посети таа земја, јавува Израелското државно радио.

Влијателниот американски рабин Марк Шнајер, основач и претседател на Фондацијата за етничко разбирање, непрофитна организација која се фокусира на подобрување на муслиманско-еврејските односи, изјави дека неодамна посетил некои од арапските заливски земји и при тоа забележал промена во нивните ставови кон Израел. Во минатото тие држави тврделе дека официјални односи со Израел ќе воспостават само по мировен договор со палестинците, додека сега велат дека е доволен и почеток на преговори.

Шнајер тврди дека прва ќе биде Бахреин која ќе воспостави дипломатски односи со Израел, а потоа ќе следуваат и други.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.