Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Израелски стручњаци за валкани операции против либерална Словенија

0
By Zoran Ivanov on March 18, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 18, 2026 21:12

Би требало сите аналитичари на Балканот одамна да осознале колку Нетанјаху, освен што е креатор на низа војни на Блискиот Исток директно влијае на изборите на Полуостровот. Во недела избори ќе има во Словенија а тим на израелски стручњаци за правење на промени од декември е во Љубљана. Цел – Јанез Јанша мора да победи.

Љубомир Костовски

Во три балкански земји во наредните неколку недели треба да се случат значајни избори. Најпрво во недела, на 22 март, ќе има парламентарни избори кои треба да поминат во обидот десничарот Јанез Јанша по трет пат да се врати на власт. На 30 март во Србија, во десет локални заедници, треба да се изберат советници во општинските раководства, што е битно заради одмерувањето на силите меѓу власта и студентскиот отпор кон Александар Вучиќ. Третите избори имаат особено стратешко значење за Стариот континент – голема е веројатноста унгарскиот властодржец Виктор Орбан, по низа години узурпирање на демократските процеси во оваа земја да падне пред налетот на својот некогашен соборец а сега отворен опозиционер. Таму ќе има парламентарни избори на 12 април.

Во мигот на сончевата страна на Алпите предмет на опсервација се дојденци од Израел. Тие таму пристигнале уште во декември и имале средби со лицето кое е избрано да победи на последното одмерување на волјата на гласачите – Јанез Јанша. За ова неодамна говореше во своето гостување во студиото на N1 координаторката на националната конвенција за Европската Унија, Бојана Селаковиќ.

„Тие избори се важни за нас и за Европа, бидејќи ако има промена во владејачката коалиција, ќе се промени и ставот кон Израел, ситуацијата на Блискиот Исток, Палестина. Досега, Словенија беше една од ретките европски земји што ја призна Палестина, што го осуди однесувањето на Израел. Ако победи Јанез Јанша, се очекува дека ова ќе се промени. Јанша припаѓа на група популистички, суверенистички лидери. Тој има силни врски со Виктор Орбан“, опиша таа.

Инаку, Словенија беше потресена од аферата кога беше објавена информација дека членови на израелската тајна служба „Црна коцка“ (Black cube) биле во Словенија во текот на декември.

Според информациите што Селаковиќ ги изнесе пред камерите, „дојденците се сретнувале со Јанша, биле таму за да му помогнат да постигне најдобар можен резултат на изборите. Ова е општ заклучок кој е доста осудуван од гледна точка на словенечката јавност, бидејќи се смета за мешање во изборите“, рече таа.

Како некакви скриени мешетари во Нетанјахуовиот тројански коњ, странците, специјализирани во своите матни активности, се обидуваат во нешто што навидум е нереално – некогашниот корумпиран политичар, човек што минал години зад решетки да го вратат на врвот на пирамидата на владеење, како дел од процесот на јакнење на десницата. Секако, се работи за Јанеш Јанша.

Словенечките активисти, некои со големо искуство, алармираат дека градителите на стратегиите на Јанша од Блискиот Исток се одамна на Балканот, иако не се споменуваат често. Но, се споменува очевидно една интернационализација на изборите, токму тука, од страна на европската десница со помош на Израелците Артур Финкелштајн и Џорџ Бирнбаум.

Обајцата (првиот е веќе покоен) се луѓе кои важат за креатори на изборните победи на тврдиот десничар и аниматор на дузина војни на Блискиот Исток, вклучувајќи ја и актуелната – Бенјамин Нетанјаху. Но, овие мајстори на изборните победи со помош на трикови од нивната „лабораторија“ се изгонети од Израел и би можеле да одат во затвор бидејќи имаат изгубен судски спор по реакција на другите партии во Израел, кои сметаат дека „брзата помош“ од споменатите спин-доктори создава длабоко недемократска атмосфера во тоа општество, секако во рамките на еврејскиот сегмент на државата.

Овие двајца подолго време престојуваа во Европа и си го продолжуваат својот занает. Според познатата активистка Светлана Слапшак, во хрватски Пешчаник, која беше учесник во многу антидиктаторски движења во Србија, а денес живее во Љубљана, Нетанјаху истите им ги препорачал на Орбан.

А тие, внимавајте, ги добиле изборите во Унгарија, бидејќи, спин-докторите форсирале антисемитизам!

Посебна цел бил Сорос и неговата фондација, што како предмет на обработка на политичкиот противник беше преприсутна и кај нас. И тоа со децении уште од 90-тите. Преживеаниот Бирбнбаум денес е малку пасивизиран, но има замена од неговиот стар крај. Тој се служи со две имиња – Срулик или попознат како Израел Ајнхорн и живее во Белград! Иако нема материјални докази, се верува дека тој работи за Александар Вучиќ. Таму има регистрирано фирма и бележи постојана добивка во милиони евра секоја година.

Според Слапшак, тој се потпира на вештачка интелигенција, организира мрежа од ботови и тоа најчесто надвор од земјата што е предмет на негова обработка, а главен метод е „засрамување“ на противникот.

Исклучиво работел за партии кои имаат пари, а тоа се главно оние на власта кои можат да си дозволат и да исчезнуваат средства од некакви меѓународни позајмици и кредити што сите граѓани ќе ги враќаат, или ќе формираат банки кои се „дарежливи“ (ако треба такви ќе се увезат).

Во овие денови тој Израелец, последниов од алката имиња е највеќе ангажиран во Словенија каде треба да го врати на власт Јанез Јанша, повеќекратниот осуден криминалец зад кого не стои државата, ама стојат сериозни структури во ЕУ, во десницата секако. И веќе, истовремено, полека навлегува во „материјата“ на изборите каде Орбан треба со употреба на „тешка артилерија“ да ја надомести големата предност на неговиот главен опонент.

Повеќе од јасно е дека аферата со истражувањето што во ЕУ се спроведува за комесарката за евроинтеграцииМарта Кос во Брисел, по инсинуации што доаѓаат од нејзината сонародничка во Европарлментот Романа Томц од Народната партија која е дел од најголемата пратеничка група во Унијата, онаа на десните партии. Се работи за сериозен комплот кој стои на работ на возможност во однос на фактите.

Како се одвива тоа?

Најпрвин се наоѓа човек кој треба да напише нешто што ќе биде „бомба“, иако секако е заснована на инсинуации или на работи за кои треба поопстојно истражување. Авторот Игор Омерза (76) кој својата промоција на книгата наменета за рушење на угледот на Кос ја направи во Брисел и тоа на 10 март е клучниот актер во оваа инсценација. Книгата со наслов „Комесар“ на публиката ја претставува неговата спонзорка Томц.

ИФОР ОМЕРЗА Човек кој напиша книга со која ја напаѓа Марта Кос (фото извор: Википедија)

Авторот студирал економија и себеси се смета за опозиционер уште во 80-тите, залагајќи се за напуштање на Словенија на Југославија. Има напишано само една значајна книга на слична тема – за некогашниот опозиционер Едвард Коцбек, чие досие му било дадено во рацете а што го водела УДБА.

Омерза имал високи политички функции во близина на некои од градоначалниците на Љубљана, ама тешко е да сокрие дека е некој кому му се давани слични досиеја. Тој, за потребите на некои нарачатели, ќе ги користи тие документи во моменти кога треба да се направи врева во јавноста за некој политичар.

Веднаш после промоцијата на книгата, спонзорката Томц упатува писмо до телата во Брисел и таму експресно се отвора постапка во која се сугерира дека европарламентарката Кос лажела дека немала ништо со поранешната УДБА кога била акредитирана за чувствителни функции во ЕУ.

Писмото има датум од 13 март годинава, а пренесено е во медиумите преку Радио Слободна Европа. Најпрво, паѓа во очи релативната младост на Кос (60), а тоа не ја правело многу атрактивна за активност која би користела на УДБА во време на распадот на Југославија, кога таа имала 25 години и сè уште студирала журнализам. Потоа се бавела со спортско новинарство! Станала и дописник на Дојче Веле, ама сè е тоа откако СФРЈ се распадна, а секако и УДБА(!), која беше отфрлена, бидејќи, белградската политика си имаше своја информативна служба која работеше на доразбивање на Југославија, каде што, според Слободан Милошевиќ, на Словенија „ѝ беше дозволено мирно да си замине“ за белградската политика да има одврзани раце во конфликтите во Хрватска и БиХ, а во извесна смисла и во Македонија!

Проблемите со опозицијата во Словенија е што таа нема простор да се соочи со актуелната власт во некаква борба на програми и факти. Во последните години Кос е непријател за Србија, бидејќи, ги поддржа слободарските тендеции на студентите и нивните протести.

Нашите медиуми, оние нагласено провмроовски се приклучуваат кон сомневањата на европската десница, влегувајќи секако во една геостратешка игра во која минатото на Кос не е битно – во Белград ја сметаат за „непријател“, воедно и во Унгарија. Боцките против неа  доаѓаат од едно „осило“. Впрочем, треба да се каже дека и Гијом Мерсие, портпарол на Европската комисија за проширување, негираше дека институцијата добила писмо кое укажува на опасни моменти од животописот на Кос.

„Комесарката Кос помина низ обемна и темелна постапка за проверка за да се приклучи на Колеџот на комесари. Европскиот парламент го одобри нејзиното назначување по истиот процес како и за сите 27 други комесари. Комитетот за правни прашања на Европскиот парламент ја разгледа нејзината декларација за интереси и не најде судир на интереси. Европската комисија нема понатамошни коментари“, рече Мерсие, како што пренесе порталот Рацин.

Јасно е дека постапката која во медиумите е отворена пред таа и да започне во некакви официјални органи, треба да создаде атмосфера која не би била поволна за актуелната власт во Љубљана, која генерално има посилни противници надвор од земјата отколку внатре, па стратегијата се води согласно на тие проценки. И за сè да оди брзо, за да не биде темелно, а да постигне некаков ефект, евентуален „бум“ пред денот на гласањето.

ПОСЛЕДНА ПРОГНОЗА Вака во средата изгледаше предвидувањето за неделните избори

Претстојните парламентарни избори во Словенија не се само рутинска демократска процедура, туку повеќе суштински избор – не само помеѓу левиот и десниот центар, туку и помеѓу неисправниот плурализам и моделот на владеење во кој демократските норми можат многу брзо да се срушат, оцени словенечката писателка Ана Шнабл во авторски текст за лондонски Гардијан.

Под насловот „Зошто Словенија, како мала, стабилна земја и пример за европска приказна за успех, му го врти грбот на либерализмот“, авторката наведува дека Јанез Јанша „вооружен со безмилосниот политички прирачник на Виктор Орбан и политичкиот стил на Доналд Трамп, би претставувал уште една илиберална закана за ЕУ ​​ако победи на изборите на 22 март“.

Фактот дека коалицијата што си замина, предводена од премиерот од левиот центар Роберт Голоб, траеше цел мандат е речиси чудо според словенечките стандарди, пишува авторката во Гардијан и потсетува дека е формирана пред изборите во 2022 година од страна на Движењето за слобода (Gibanje Svoboda) на Голоб, партија што Голоб ја основа само неколку месеци претходно.

На првите избори на кои учествуваше, освои 41 од 90 места во парламентот, што е најсилниот резултат на една партија од независноста, се наведува и се додава дека убедливата победа му овозможи на Голоб да формира коалиција со Социјалдемократите (SD) и Левицата (Left). Со ова, тој обезбеди 53 места, ретка стабилност во фрагментираниот политички систем на Словенија.

Владата на Голоб не беше без недостатоци, смета таа. Брзиот подем на Движењето за слобода значеше дека тој дојде на власт со ограничено искуство во управувањето, импровизацијата понекогаш беше премногу очигледна, но сепак може да се пофали со конкретни резултати, се оценува во текстот. Тоа потсетува на финансиската криза по поплавите во 2023 година, мерките за ублажување на енергетската криза, зголемувањето на минималната плата и низа други настани.

Авторката понатаму наведува дека во однос на основните права и слободи, според некои стандарди, сегашната влада била дефицитарна, но не и илиберална, бидејќи, институциите функционирале, медиумскиот пејзаж, иако поларизиран, останал плуралистички, а граѓанското општество дејствувало без систематско заплашување.

И покрај сето ова, Шнабл оценува дека јавната поддршка за Движењето за слобода на Голоб е намалена. Десничарската Словенечка демократска партија (СДС) постојано води на анкетите, навистина само со неколку процентни поени пред Движењето за слобода. Нејзиниот електорат се покажа како исклучително лојален. Додека гласачите од централно-левичарската партија осцилираат помеѓу ентузијазмот и разочарувањето, гласачите на СДС остануваат цврсти. (Ова да додадеме е идентично и кога во Македонија се оди со девизата „сите се исти“, а се знае дека СДСМ ќе претрпи штета која ќе биде помала за ВМРО-ДПМНЕ).

Шнабл проценува дека она што ја разликува СДС од некои други крајно десничарски партии во Европа е тоа што не е бунтовна аутсајдерска партија, туку централен столб на словенечката десница и има искуство во владата: нејзиниот долгогодишен лидер, Јанша, бил премиер три пати од почетокот на милениумот. За време на својот прв мандат во средината на 2000-тите, СДС владеела како конвенционална конзервативна партија. Владата на Јанша во 2012–2013 година. Падна, да се потсетиме во екот на масовни протести поради обвинувања за корупција, а самиот Јанша беше осуден на две години затвор, иако пресудата подоцна беше поништена.

Последниот мандат на Јанша, од 2020 до 2022 година, се совпадна со пандемијата на Ковид. Тој беше обележан со поостар илиберален пресврт – неговата администрација со месеци го суспендираше финансирањето на словенечката новинска агенција СТА, често го напаѓаше јавниот радиодифузен сервис РТВ Словенија, се обидуваше да ги преобликува надзорните одбори на државните институции и влегуваше во отворени конфликти со новинарите на социјалните мрежи, се истакнува во текстот.

За среќа, судовите реагираа. Граѓанското општество се мобилизираше. Десетици илјади луѓе протестираа во Љубљана, а обидите на Јанша да ослабне делови од институционалниот систем и владеењето на правото беа доволно сериозни за да предизвикаат предупредувања од Европскиот парламент.

Текстот укажува дека СДС, со преминувањето во опозиција, не мораше да се менува. Во текот на изминатите четири години, тој можеше да се потпре на познати идеолошки теми: осуда на „пристрасните“ медиуми, предупредувања за бранови мигранти, тврдења дека Словенија е премногу регулирана и културни војни околу образованието. „Повторувањето на лекцијата“ било во корист на Јанша.

Словенечките институции остануваат цврсто вкоренети во правниот поредок на Европската Унија. Граѓанското општество е активно и отпорно. Земјата не е осудена на демократска регресија. Но, разликата во споредба со претходните мандати на Јанша е во тоа што методите, наративите и меѓународните сојузи на илибералната политика се поконсолидирани денес од кога било. Постојат преседани, потврди и меѓусебно засилување, смета авторката.

Затоа, овие избори делуваат помалку како рутинска демократска процедура и одржување на демократијата, а повеќе како структурни избори. Не само помеѓу левиот и десниот центар, туку помеѓу погрешниот плурализам и моделот на владеење во кој демократските норми можат многу брзо да се срушат, заклучува Шнабл.

Нема сомнение дека победата на Јанша ќе биде политички земјотрес за поширокиот регион.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

балкан безбедност љубомир клостовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

ВЕСТИ April 18, 2026

Иранската државна телевизија ИРИБ објави дека Ормутскиот теснец повторно е затворен, наведувајќи дека за секој…

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026

Полска бара Унгарија итно да ѝ ги испорача пребеганите функционери обвинети за криминал

April 16, 2026
ТИКЕР

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.