Израелскиот амбасадор во Македонија, Дан Оријан го завршува својот мандат откако седум години ја извршуваше оваа функција. Изминатите денови тој имаше неколку проштални средби со државниот врв, но и со други политички личности.
Денеска беше во Битола, каде во текот на денот ги посети сите локации поврзани со еврејската култура и минато и каде израелската амбасада помагаше во голема мера. Новиот лик на Еврејските гробишта, преименувањето на Здравствениот дом, Маршот на живите, како и многу други настани, но и донации.
Негов наследник ќе биде жена амбасадорка, за која вели дека добро ја информирал за досегашните активности. Исто така истакна дека за многу брзо ќе биде поставен и сончевиот часовник на Еврејските гробишта.