Најмалку осум Палестинци се убиени од утрово во израелско бомбардирање на централна Газа, соопштија медицински извори од болницата Ал-Акса и болницата Ал-Авда.
Најмалку двајца Палестинци беа убиени во израелски напад врз шатор за раселени лица во областа Ал-Маваси во губернијата Кан Јунис во јужна Газа, објави Ал Џезира.
Медицински извор изјави за порталот дека неколку лица се ранети во нападот.