Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изречени затворски казни за уривањето на „Космос“- Груевски доби 9 години, Јанакиески 3, а екс градоначалникот 4 години

0
By Mirjana on May 20, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 20, 2022 14:06

Миле Јанакиески, поранешниот министер за транспорт и врски е осуден на три години затвор во судскиот предмет познат во јавноста како „ТНТ“, а кој се однесува на случајот со уривањето на објектот „Космос” на бизнисменот Фијат Цаноски поради злоупотреба на службената положба и овластувања.

Судечкиот совет на Кривичниот суд во Скопје предводен од судијата Огнен Ставрев на Никола Груевски, поранешен премиер му изрече казна од 9 години затвор , а поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски кој исто како и Груевски е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластувања доби четиригодишна затворска казна. Инспекторката Елисавета Најдовска е осудена на четири години затвор.

Обвинтелството, претходно побара затворски казни за сите обвинети во случајот „ТНТ“. Обвинителот Бурим Рустеми во завршниот збор за овој предмет ја намали сумата на нанесената штета од 35 милиони евра на околу 20 милиони евра и рече дека поранешниот премиер Никола Груевски ја остварил својата желба да го урне „Космос“ на својот политички противник Фијат Цаноски и да му нанесе финансиска штета, како одмазда затоа што во 2011 година коалицирал со СДСМ. Ова, рече тој, го направил во координација со екс министерот Миле Јанакиески, и поранешниот градоначалник на општината Тони Трајковски.

Поради недостиг на докази, обвинителот на претходното рочиште се откажа од гонење за едно од делата за кои се товари Миле Јанакиески, а кое се однесува на злоупотреба на тенедерот за уривање.

Јанакиески, пак, во завршниот збор побара ослободителна пресуда и се повика на аболицијата на претседателот Иванов и на правното мислење од министерот за правда Тупанчевски, во кое посочува дека предметот е застарен.

С.М.

 

Космос пресуда ТНТ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

ВЕСТИ May 14, 2026

Седум луѓе загинаа, а 44 се повредени во комбинираниот руски напад со ракети и дронови…

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.