Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извори за Си-Ен-Ен тврдат дека САД не ги уништиле нуклеарните постројки на Иран

0
By Zoran Ivanov on June 25, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 25, 2025 02:18

Американските воени напади врз три ирански нуклеарни постројки минатиот викенд не ги уништија клучните компоненти на нуклеарната програма на земјата и веројатно ја забавија за само неколку месеци, покажува раната проценка на американската разузнавачка заедница, објави Си-Ен-Ен.

Проценката ја направи Агенцијата за одбранбено разузнавање (ДИА) и се базира на анализа на штетите спроведена од Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) по нападот, изјави еден од изворите.

Анализата е сè уште во тек и би можела да се промени како што ќе пристигнуваат повеќе информации, но првичните наоди се спротивни на тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој постојано повторуваше дека нападите „целосно и крајно ги уништиле“ иранските постројки за збогатување ураниум. Министерот за одбрана Пит Хегсет, исто така, изјави во неделата дека „нуклеарните амбиции на Иран се уништени“.

Сепак, два извори запознаени со извештајот тврдат дека залихите збогатен ураниум не биле уништени.

ДИА проценува дека САД успеале да ја забават иранската програма за можеби неколку месеци, во најдобар случај, рече изворот.

Белата куќа потврди дека извештајот постои, но тврди дека е неточен.

Оваа наводна проценка е целосно неточна и класифицирана како „строго доверлива“, но сепак беше доставена до Си-Ен-Ен од анонимен понизок службеник на разузнавачката заедница“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит. „Објавувањето на оваа наводна проценка е јасен обид да се дискредитира претседателот Трамп и храбрите пилоти на борбени авиони кои ја извршија мисијата за уништување на нуклеарната програма на Иран до совршенство. Секој знае што се случува кога ќе фрлите четиринаесет бомби од 30.000 фунти врз нивните цели: тотално уништување.

Американската војска соопшти дека операцијата поминала според планот и дека била „целосен успех“.

Сепак, според изворите, сè уште е прерано САД да имаат целосна слика за последиците од нападот, а проценките на другите разузнавачки агенции исто така не се познати.

 

Иран нуклеарни постројки САД Си ен ен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.