Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извозот на сончогледово масло од Украина може да падне за една третина

0
By Biljana on April 14, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украинскиот извоз на пченка би можел да падне за речиси една четвртина во сезоната 2021/2022 поради руската инвазија, а уште поголем пад може да има извозот на сончогледово масло, изјави заменик-министерот за земјоделство Роман Русаков на конференција во Прага.

Според него, извозот на пченка би можел да падне за 24 отсто на 17 милиони тони во тековната земјоделска сезона, која завршува во јуни.

– Извозот на сончогледово масло може да падне за една третина, на 3,4 милиони тони, додаде Русаков.

Украина е најголемиот производител и извозник на сончогледово масло во светот. Пред војната, производителите го проценија извозот за сезоната 2021/2022 на 6,6 милиони тони.

Специјализираната украинска консултантска компанија АПК-Информа минатата сабота објасни дека извозните цени на украинската пченка паднале поради ограничената побарувачка и големите залихи кои од почетокот на руската инвазија може да се извезуваат само со железница, преку границата со Полска.

Украина е еден од водечките добавувачи на жито во светот, а најголемиот дел од земјоделските суровини ги испорачува преку пристаништата на Црното Море. Бидејќи областа сега е место на конфликт, трговците се обидуваат да транспортираат што повеќе жито со железница.

Украинските власти соопштија дека залихите на пченка изнесувале околу 13 милиони тони кон крајот на март, додавајќи дека минатиот месец биле извезени само 300.000 тони жито.

извоз пченка Свет Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.