НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ја избегнаа смртната казна во Либија, каде се денес бугарските медицинари на чие ослободување работеше сопругата на Саркози

0
By Соња Крамарска on July 24, 2022 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, РЕГИОН, СВЕТ
Бугарскиот медицински тим се уште се сеќава на морничавите денови од судењето во Либија кое предизвика жестоки реакции во светот поради лажното обвинение и кршењето на нивните човекови права
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бугарските медицинари кои беа осудени во Либија сега гледаат напред, а не во минатото. Кристијана Валчева, Валентина Сиропуло и Ваља Червенјашка за БТА раскажаа како живеат и дали успеале да го заборават хоророт доживеан во либиските затвори.

Денеска се навршуваат 15 години од нивното ослободување и враќање во Бугарија.

Во оваа прилика, Ваља Червенјашка рече дека не размислува за минатото и воопшто не сака да се враќа назад. Гледам само напред, одам на работа, изјави Червенјашка, која работи во детското одделение во болницата во Бела Слатина. Таа рече дека со децата се надополнува и, иако е пензионер, продолжува да работи и чувствува дека има уште сила. Се обидува некако да ги надомести тие 10 години изгубени во Либија.

Благодарна сум на Бога што сум жива и здрава, не се враќам назад, рече таа и сподели дека живее како и сите други. Не се потпирам на никој освен на себе. Што има на светот, тоа е и за мене, не се жалам, го опиша својот живот денес Ваља Червенјашка. Иако не очекуваше, нејзината книга „Белешки од пеколот“, напишана заедно со Николај Јорданов, помага нејзиното искуство во Либија да остане во минатото. Сега подготвуваат и втора книга по повод 15-годишнината од ослободувањето на медицинските лица, која ќе биде аудио книга со нераскажани и несподелени моменти.

„Не сакам да се навраќам на тоа. Во моментот кога полетавме кон дома, не можам да ви објаснам какви чувства имавме бидејќи не разбравме што ни се случува. Не излажаа, нè излажаа… Утре ќе ве ослободиме следниот месец… и беше очајна состојба по тие прва, втора, трета смртна казна. Доаѓајќи, не можевме да веруваме дека е вистина. Секогаш се трудев се да оставам зад мене. Особено откако ја напишав книгата, воопшто не се навраќам на тоа“, рече таа.

Освен со работата во болницата во Бела Слатина, Ваља Червенјашка ужива и со двете внуки и секогаш кога има можност оди кај нив да и помогне на ќерка си.

На минатото не размислуваат ниту Кристијана Валчева и нејзиниот сопруг д-р Здравко Георгиев кои беа дел од групата медицинари што заглави во затвор во Либија и беа осудени на смртна казна. Веќе сме слободни и други работи не возбудуваат, ретко се навраќаме наназад, изјави таа. Кога ќе се соберат со другите од групата во некоја прилика, обично мислат на смешни приказни што им се случиле во Либија во тоа време, да се смеат, да не размислуваат за лошото, за она што го доживеале.

Живееме нормално, работам, поминувам време со внукот кој веќе има 9 години, обично со сопругот ги поминуваме саботите и неделите во вилата, еве и моментално сме тука, раскажа Кристијана Валчева за своето секојдневие.

Работи 11 години на Воено-медицинската болница како рехабилитатор. По враќањето од Либија се пријавила и завршила рехабилитација, по што почнала да работи во Воената болница. За време на пандемијата, таа работеше со своите колеги во едно од одделенијата за коронавирус во болницата.

Кристијана Валчева изјави дека нејзиниот сопруг е добро откако пред четири години доживеа мозочен удар. Му требаше долго време – неколку месеци рехабилитација, која јас му ја спроведов. Сега се движи, се грижи за себе, но сепак е уморен, додаде таа.

Таа уште одамна сфати кои и се вистински пријатели. Додека бев во затвор во Либија полека ги филтрирав пријателите и ми останаа највредните, вели таа. Се гледаме често – речиси секој ден или секој втор ден – со Насија Ненова (медицинска сестра која што исто така го помина пеколот во Либија), бидејќи живееме во ист блок, а и имаме многу цврска врска од минатото, речиси како сестринство, вели таа. Со неа разговараме за обичните работи од денешнината, не се враќаме назад, објасни Кристијана Валчева. Рече и дека Насија е добро, работи на две места – на онколошки оддел и во „Пирогов“, и речиси цело време е зафатена со дежурства.

Валентина Сиропуло сподели дека не може да се заборави такво искуство како тоа што им се случи во Либија. „Понекогаш не намерно, туку потсвесно се навраќам на овие настани. Тоа не можете да го избришете од вашиот ум, колку и да сакате“, истакна таа.

Осум и пол години, што и да ми се случи, дури и да не сакаш, ти го менува размислувањето и системот на вредности, имаш време да размислиш и да видиш околу себе во затворите секакви работи, се присети Сиропуло и додаде дека од тоа останува голема лузна и никогаш нема да се заборави. Таа рече дека не може да ги разбере, колку и да сака, причините за настаните што се случија, но додаде дека важно е што таа и нејзините колеги сега се слободни и се со своите семејства.

Научи вредна лекција – не е важно постојано да сакаш, сакаш, сакаш и не треба да бидеш максималист во сè. Таа сфати дека нема смисла од многу, важно е да има доволно за да се живее мирно. Уживањето во она што го имате – толку е едноставно, сумираше таа. Инцидентот ме научи на трпение, малку ми го промени начинот на размислување, сподели Валентина Сиропуло. Таа истакна дека треба да гледате позитивно и да не се предавате на негативните емоции, а времето ги лечи болките и постепено работите се смируваат. Таа се пензионираше минатата година и помага во одгледувањето на нејзиниот внук, но не ја исклучува можноста да се врати на својата професија кога тој ќе порасне.

Валентина Сиропуло не ги заборави луѓето кои и помогнаа да се ослободи таа и  нејзините колеги. Таа ја повтори својата благодарност, вклучително и на сопругата на францускиот претседател Сесилија Саркози и тогашната еврокомесарка за надворешни работи и европска соседска политика Бенита Фереро-Валднер, и искажа „огромна благодарност“ на сите кои беа вклучени во случајот и работеа на него.

И денес, 15 години по нивното ослободување, нашите медицински лица одржуваат контакт меѓу себе. Тие единствено немаат контакт со палестинскиот лекар Ашраф ал Хаџуџ кој исто така беше дел од групата.

Случајот пред дваесетина години ја крена на нозе целата светска јавност. На 9 февруари 1999 година, властите во Либија приведоа 23 бугарски медицинари во врска со истрагата за масовната инфекција со вирусот сида на либиските деца лекувани во детската болница во Бенгази. На почетокот на март 1999 година, мнозинството од приведените бугарски државјани беа ослободени. Пет бугарски медицински сестри и еден бугарски лекар, донесени како сведоци во истрагата на властите во Либија, останаа приведени.

На 7 февруари 2000 година во Триполи официјално започна судскиот процес против медицинските сестри Кристијана Валчева, Насија Ненова, Валентина Сиропуло, Ваља Червенјашка, Снежана Димитрова, д-р Здравко Георгиев – сопруг на Кристијана Валчева и палестинскиот доктор Ашраф ал Хаџуџ. Тие беа обвинети дека намерно заразиле 393 либиски деца со вирусот сида, и за заговор против либиската држава и за непочитување на нормите и традициите на животот во Либија.

Во јуни 2000 година, медицинските сестри и палестинскиот лекар рекоа дека од нив биле извлечени признанија под тортура во затворот. На 17 февруари 2002 година, Народниот суд на Либија отфрли едно од обвиненијата против медицинските лица – за заговор против безбедноста на Либија со намерно заразување деца со сида и продолжува да работи само по преостанатите точки од обвинението, од кои најсериозни се намерното убиство на 393 деца заразени со сида.

За време на судењето на 3 септември 2003 година, откривачот на сидата, професор Лук Монтањер од Институтот Пастер во Париз, Франција, и професор Виторио Колици, раководител на Лабораторијата за имунохемиска и молекуларна патологија на Биолошкиот факултет на Универзитетот, сведочеа пред судот. Двајцата европски научници, кои на барање на либиската влада подготвија извештај за причините за епидемијата во Бенгази, тврдат дека инфекцијата се проширила како резултат на интра-болничка инфекција, јасно укажувајќи дека бугарскиот медицински тим не може да биде одговорен за епидемијата, бидејќи таа се случила пред нивното назначување во здравствената установа.

Меѓутоа, на 6 мај 2004 година, Кривичниот суд во Бенгази ги осуди на смрт со стрелање петте бугарски медицински сестри и Палестинецот Ашраф ал Хаџуџ, обвинети за намерно инфицирање на либиски деца со СИДА. Д-р Здравко Георгиев е осуден на 4 години затвор и парична казна за незаконско работење со девизи и внесување девизи.

По жестоките дипломатски притисоци, Врховниот судски совет на Либија им ја преиначи смртната казна во доживотен затвор. На 24 јули 2007 година, со посредство на претседателот на Франција Никола Саркози, неговата тогашна сопруга Сесилија Саркози и европскиот комесар за надворешни односи и европска соседска политика Бенита Фереро-Валднер, бугарските лекари и палестинскиот лекар (од јуни 2007 година – со бугарско државјанство) беа ослободени од затворот во Либија и вратени во Бугарија.

Бугарските медицинари поминаа вкупно 2755 дена во затвор во Либија. (24 Часа)

бугарски медицинари Либија осудени на смрт
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.