Европскиот шампион Реал Мадрид ќе понуди договор за тренерот Сантијаго Солари до 2021 година, објавија многу шпански медиуми. Аргентинецот беше назначен како привремено решение по отказот на Хулен Лопетеги, но кратко време потоа ја оправда довербата на претседателот Флорентино Перез.
Под негово водство, „кралевите“ забележаа четири победи во исто толку натпревари – против Мелила (4:0) во националниот Куп, против Валјадолид (2:0) и против Селта (4:2) во Примера и против Викторија Плзен (5:0) во Лигата на шампиони.
Според шпанските фудбалски прописи, привремен тренер може да работи само две недели, па затоа управата на Реал Мадрид реагира со 18 месечен договор за Солари. Поранешниот аргентински фудбалер играше за „кралскиот“ пет години, а потоа работеше како тренер во помладите селекции и на Б тимот.