По час и половина протест пред Студентскиот парламент, студентите поддржани од поголема група професори и граѓани, во моментот се движат кон Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Одлуката беше донесена, откако студентите претходно со јајца маваа кон зградата каде е сместена СПУКМ, јавува репортеката на НОВА, Славица Филиповска.
Во моментот студентите скандираат „Наши се улиците“ и „Која сила ќе го сопре гласот на студентите“. Како што се движи колоната, така и полицијата се координира.
Во моментот сообраќајот во центарот на градот е прекинат и штабот на партијата ВМРО-ДПМНЕ повторно го чуваат специјални полициски сили.
Претходно пред СПУКМ, студентите одржаа говори во кои порачаа ека вчерашната акција на полицијата е срам за нив и за тоа еден ден ќе одговараат.







