Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски побара лицата што синоќа на изборите ги нападнале да одговараат кривично- “Доколку овие лица не се гонат кривично ова значи дека СДСМ им дава живот на криминалците”, рече Јакимовски.

-Сега кога јас уште вчера во 21 часот, по 40% преработени гласови го признав поразот тие тргнаа да ме тепаат- изјави Јакимовски.

– На минатите избори по мојата победа тие ми се закануваа мене, на моите деца, ми го отруја кучето, ми ставија венец и ми запалија свеќа пред мојот дом и ми пишуваа „Почивај во мир Стевчо“, додека ние сега достоинствено го признавме поразот, кажа Јакимовски.