Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанакиески очекува ослободителна пресуда за уривањето на „Космос“

0
By НОВА ТВ Mitreska on May 19, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 19, 2022 15:09

Одбраната на Миле Јанакиески, поранешниот министер за транспорт и врски, обвинет во судскиот предмет познат во јавноста како „ТНТ“, а кој се однесува на случајот со објектот „Космос” на бизнисменот Фијат Цаноски очекува судечкиот совет на Кривичниот суд во Скопје утре да изрече ослободителна пресуда со оглед на тоа што не постои ниту еден акт што е потпишан од страна на поранешниот министер, а поврзан со уривањето на комплексот.

Јанакиески и во својот исказ неодамна пред судечкиот совет што го предводи судијата Огнен Ставрев посочи дека оштетениот Цаноски сам истакнал дека бара политичко решение на овој предмет, со што, според него, признал дека објектот е нелегален.

Јанакиески кој од сите обвинети во предметите што ги покрена поранешното Специјално јавно обвинителство има најмногу обвиненија, во своите завршни зборови на последното рочиште изрази надеж дека судот ќе донесе „одбивателна пресуда“.

– Ако добијам и шеста осудителна пресуда, дали нешто ќе се смени во општеството? Мојот одговор е дека ништо нема да се подобри, освен што Цаноски ќе заработи од буџетот на државата, давајќи поттик на други своето незаконско работење да го прикријат преку политички решенија користејќи ги правосудните органи, рече Јанакиески.

Бранителот на Груевски кој му е определен по службена должност во завршните зборови тврдеше дека неговиот клиент нема сторено никаква вина и дека за тоа нема докази затоа што Груевски немал потпишано каков било документ за да се урне објектот на Цаноски, а тоа според адвокатот, не можат да го потврдат ни „бомбите„ затоа што одбраната изрази сомнеж во нивната автентичност. И бранителот на Груевски побара ослободителна пресуда.

Одбраната на поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски исто така очекува тој да биде ослободен од обвинението. Во завршните зборови на последното судско рочиште Трајковски негираше дека кога било испратил смс порака до поранешниот премиер Никола Груевски, а тврдеше дека не остварил никаков контакт со него поврзан со изградбата на објектот на Цаноски, ниту пак  дејствувал по нечија наредба.

Според одбраната на поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, судечкиот совет треба да обрне внимание на релевантните докази, бидејќи со ништо не се докажува вината на Трајковски и треба да биде ослободен од обвинение.

Јавниот обвинител Бурим Рустeми, пак, од судот побара обвинетите да ги прогласи за виновни и да им определи соодветни казни. Тој тврди дека во текот на судскиот процес со сигурност се докажало дека обвинетите ги сториле делата што им се ставаат на товар и дека обвинетиот Никола Груевски ја злоупотребил својата позиција и влијание како премиер да ја оствари својата желба да му го урне комплексот Космос на својот политички противник Фијат Цановски и да му нанесе финансиска штета.

Во случајот „ТНТ“,  освен Јанакиески,Трајковски и Груевски, кому му се суди во отсуство, пресуда утре очекуваат и еден градежен инспектор и тројца вработени во општина Гази Баба.

С.М.

Космос Миле Јанакиески ТНТ Фијат Цаноски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.