Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанева добила мебел од 5.000 евра за да го ослободи Камчев од „Империја“

0
By Соња Петрушевска on August 21, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обвинителството за организиран криминал бара 30 дена притвор за специјалната обвинителка Катица Јанева за злоупотреба на службената положба и овластувања во врска со случајот „Рекет“.

Јанева нема имунитет и доколку судот го прифати барањето на Обвинителството, таа веднаш ќе биде пренесена во истражниот затвор во Шутка.

Јанева користејќи ја својата позиција за осомничен во истрагата на СЈО „Империја“ -Орце Камчев ги олеснила правните мерки кои биле преземени против него, односно му го укинала куќниот притвор и му го вратила пасошот за таа и нејзините пријатели да се стекнат со имотна корист. Освен тоа, Јанева е осомничена и дека договарала со Камчев спогодба за „Империја“ со тоа што случајот ќе се затвори, а Камчев ќе и плати незначителен износ оштета на државата.

Притворот бил укинат на 27 декември 2018 откако осомничените Бојан Јовановски и Зоран Милески кои се во притвор, договориле со Камчев исплата на 8 милиони евра за негово ослободување. На 20 февруари 2019 тие дошле во домот на Камчев и од него зеле 1 милион евра кои биле ставени во чанта „Луј Витон“, како што се гледа на снимките објавени од италијанскиот весник Ла Верита.

Биле земени и уште 500.000 евра од сопругата на Камчев, додека тој бил во притвор, но на прашањето дали Јанева директно била вклучена во договарањето на оваа сума, јавниот обвинител Љубомир Јовески само кратко искоментира дека „имало континуитет на дејствијата“.

Обвинителството досега има несоборливи докази дека Јанева била наградена со 298.000 денари во мебел, кој и го купил еден од осомничените.

-Уште од почетокот на истрагата централно прашање беше каде завршиле парите, но во овој момент во интерес на истрагата не можам да споделам повеќе информации, кажа Јовески.

Обвинителството не утврдило ниту една индиција дека парите завршиле надвор од земјата или кај домашни или странски политичари.

Сите сомнителни потези на Катица Јанева

Обвинителката Вилма Рускоска која го води случајот не сакаше да коментира за тоа каде е синот на Јанева, затоа што како што рече се собираат доказа за негова инволвираност.

Обвинителството како што рече Јовески уште на почетокот имале сознанија за инволвираноста на Јанева во случајот, но откако доказите се подгинале на повисок степен, истрагата е проширена и на неа.

Орце Камчев во овој случај се води како сведок на истрагата.

По налог на Обвинителството за организиран криминал во СЈО се одземаат предмети кои ги користела Јанева, меѓу кои и компјутерот.

Од СЈО со полициска придружба попладнево Јанева повторно беше вратена во нејзиниот дом во скопската населба Козле каде беше извршен претрес, по што со камион беше изнесен мебелот и други предмети, а претрес бил направен и во куќата во Гевгелија. Јанева доцна попладнето беше донесена во Кривичниот суд.

По четиричасовен распит, судијата на претходна постапка и одреди 30 дневен притвор на Јанева поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и уништување докази.

Русковска: Притворот за Јанева беше неопходен

Таа доцна вечерва беше пренесена во истражниот затвор во Шутка. Утре со полициска придружба таа ќе присуствува на погребот на нејзината мајка во Гевгелија, која починала утрово.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.