Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русковска: Притворот за Јанева беше неопходен

0
By Нова ТВ on August 21, 2019 ВЕСТИ
Фото: Алсат
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 21, 2019 22:12

Истрагата за „Рекет“ продолжува, ќе видиме каде ќе не одведе – кажа обвинителката Вилма Русковска  вечерва  пред Кривичниот суд откако на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и беше одреден притвор.

За притворот на Јанева рече дека немала да го побара ако немала цврсти докази за нејзината инволвираност во случајот.

-Во овој момент сметавме заедно со јавниот обвинител дека е неопходна оваа мерка притвор – рече Русковска и додаде дека на почетокот од истрагата немале докази против Јанева.

„На почетокот имавме само разговори. Се слушаше гласот на колешката и немавме ништо повеќе од тоа. Јас никогаш нема да донесам наредба за истрага, а камоли да барам притвор, без доволно докази. Во меѓувреме се собраа доволно докази за да постои основано сомние дека го сторила кривичното дело, рече Рускоска.

Таа објасни дека Јанева вчера  во Обвинителството за организиран криминал не била повикана како сведок, туку како лице кое од кое може да се добијат потребни извесувања.

Финаниската истрага за Рекет продолжува и во овој момент не се знае колку пари од рекетот точно завршиле кај Јанева.

Обвинителката потврди дека освен Камчев, повикала и други бизнисмени но тие негирале дека дале пари.

„Тој дојде кај мене и пријави. Кои се другите, навистина не знам. Јас имав повикано неколкумина. Дел од нив дадоа искази, дел негираа дека дале какви било пари“рече Русковска.

Русковска исто така потврди дека биле форматирани неколку компјутери кои биле користени од стручните соработници на СЈО, но рече дека ниту еден од компјутерите на обвинителите не бил форматиран. Во врска со телефоните на Јанева,  форматиран бил еден телефон кој бил пронајден во Гевгелија.

Русковска рече дека немала никаков политички притисок за случајот.

Русковска најави дека утре ќе го извести Советот на јавни обвинители за притворот на Јанева, по што тој треба одлучи како понатаму ќе функционира СЈО.

Вечерва Рускоска побарала адвокатот на Катица Јанева, адвокатот Стеван Павлески да се изземе од одбраната за случајот „Империја“ на СЈО поради судир на интереси. Тој прифатил и останува бранител само на Јанева.

– На мое инсистирање Павлески и не само тој, туку и целата канцеларија зема обврска да ги откаже полномоштсвата на другите осомничени во другите предмети на СЈО, рече Рускоска

 

 

 

 

Вилма Руковска Катица Јанева Рекет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.