Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска во писмена изјава до медиумите најавува дека во следниот период ќе има зголемена фреквенција на лица во Специјалното обвинителство.
„Во периодот што следи ќе има зголемена фреквенција на лица во ова Јавно Обвинителство. Согласно ЗКП лицата кои се повикуваат ќе бидат од корист со нивните сознанија за разјаснување на околности по повод сите постапки кои се отворени во овој период. Постапките се однесуваат на досега објавените и необјавени неовластено прислушкувани разговори. Заради тајноста на предистражната постапка, поконкретни детали нема да се откриваат.“, вели обвинителката Јанева.