Твитер профилот со името на Гордана Јанкуловска ја искоментира актуелната ситуација со Британија, која на референдум одлучи да ја напушти Европската унија.
Преку профилот се појави твит упатен до британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет со зборовите: „Сега Шу праиме“.
Сега Шу праиме?!? @BritAmbCGarrett
— Gordana Jankuloska (@G_Jankuloska) June 24, 2016
На Фејсбук страницата на Јанкулоска исто така утрово се појави слика на која се гледа воздушен балон со знамето на Велика Британија, кој одлетува во небото. Над сликата се објавени зборовите „Добро утро Европа“.
Вчера Велика Британија гласаше за излез од Европската унија, објави ББС. 15,882,960 илјади гласачи гласале за излез од унијата, додека 14, 753, 943 гласале против според последните и многу веројатно финални бројки на Британската изборна комисија.




