Гордана Јанкулоска, поранешната министерка за внатрешни работи денеска заедно со адвокати дојде во Основниот суд Скопје 1 каде пред судиј во претходна постапка треба да даде исказ во врска со случајот што го покрена Специјалното јавно обвинителство Тврдина, во која е осомничена, за едно со уште тројца началници и еден архивар.
СЈО за неа и за уште двајца началници и архиварот побара мерка претпазливост, додека за шефот на Петтата управа, Горан Грујевски побара притвор.
Судот му одреди притвор на Грујевски, но после два три дена минати во притвор, Кривичниот совет ја преиначи одлуката и мерката ја замени со домашен притвор.
Според најавите и Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска треба да одлучува дали ќе им ги одземе патните исправи на четворицата осомничени.