Јапонија и Исламската држава договориле размена на новинарот Кенџи Гото кој е заложник на терористичата група, за Сажида ал-Ришави, Ирачанката која е одговорна за убиството на 60 луѓе во 2005 година во бомбашки напад во Јордан, соопшти претставник на Јапонија.
Заменик-министерот за надворешни работи на Јапонија, Јасухиде Накајама ги потврди овие информации.
– Им дадов инструкции на сите министри, заеднички да работата на ослбоодување на Кенџи Гото, изјави јапонскиот премиер Шинзо Абе денеска.
Портпаролот на јорданската влада пак, рече дека се подготвени да ја ослободат ал-Ришави во замена за заробениот пилот на Јордан, кој исто така е во рацете на ИСИС.
Јапонскиот фоторепортер Гото, исчезна во Сирија во октомври минатата година кога заминал во спасувачка мисија на сега веќе убиениот заложник Харуна Јукава.
Претходно, во видео објавено на веб-сајтовите подржувачи на Исламската држава, џихадистите побараа 200 милиони долари за ослободување на двајцата јапонски заложници.




