Published: Tuesday, July 28, 2015 11:15
Минатата недела во Јапонија, поради високите температури 7.392 луѓе биле хоспитализирани како последица на топлотните бранови и исцрпеност, што е дури за илјада повеќе од неделата пред тоа.
Според податоците на јапонската Влада само во неделата 1.534 лица завршиле во болница.
Јапонскиот Метеоролошки завод соопшти дека температурата на воздухот се искачила до 35 степени Целзиусови во 129 места.




