Јавниот превоз на 8 Септември – Ден на независноста, ќе сообраќа по неделен возен ред, а дежурни ќе бидат три билетарници.

Како што соопшти ЈСП Скопје, од 7 до 13:30 часот ќе работат билетарниците на Зелен пазар, Транспортен центар и билетарницата во Ѓорче Петров.

Жичницата на Водно ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, при што во период од 19 до 19:30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу.